Притвор од 30 дена за насилниците од Штип, наскоро судење
Објавено во: Македонија 08 Април, 2020
Двајцата насилници од Штип кои тепаа девојка и ја згрозија јавноста на социјалните мрежи добија дополнителен притвор од 30 дена по истекот на осумдневниот.
Штипјаните на возраст од 23 и 26 години се товарат за брутално насилство над 20-годишна девојка од јануари, а насилството патем го снимаа на мобилен телефон.
Основен суд Штип дека предметот е распределен кај судија, кој во најбрз рок ќе го закаже и судското рочиште.
Се очекува казна од шест месеци до пет години затвор според обвинението.