Притвор за Владимир Панчевски
Објавено во: Македонија 10 Јули, 2020
Судот во Велес денеска му одреди притвор на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.
Информацијата прва ја објави Коалицијата Сите за правично судење. Притворот е одреден поради обезбедување на присуство на судењето за предметот „АКМИС“.
Тој денеска не се појавил на денешното рочиште, а не бил присутен ниту неговиот бранител.
Судењето за овој предмет за злоупотреба на АКМИС системот требаше да почне наесен, но досега овој судски процес не е започнат.
Предметот се суди во Велес за да се избегне евентуална пристрасност во Скопје поради тоа што Панчевски беше претседател на Кривичниот суд.