28 Март, 2024
0.0251

Приватна фирма за 17,5 милиони евра ќе обезбеди поголема наплата на данок од нафта, лекови, тутун и алкохол?

Објавено во: Економија 01 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Владата проценува дека 17,54 милиони евра ќе чини проектот за јавно приватно партнерство за воспоставување интегриран систем за управување, мониторирање, следење и контрола на акцизни добра и лекови со кој во иднина треба да се врши поефикасна наплата на данок, односно акциза.

Оваа сума се проценува во одлуката за воспоставување електронски систем со кој ќе се маркираат горивата и ќе се следат тутунските производи, алкохолните пијалоци и пиво, како и лековите. Ова било решено на една од последните седници на Владата. Гледано на хартија, ова е уште еден недообјаснет проект за јавно-приватно партнерство на Владата во смисла на тоа кој ќе ги плати, односно чив трошок ќе бидат овие пари. 

„Ова е чекор во насока на намалување на сивата економија и големите загуби кои се појавуваат во Буџетот на Република Северна Македонија, преку воспоставување на систем на јавно приватно партнерство на начин каде што приватниот партнер ќе воспостави, ќе одржува и ќе дава услуги на Царинската управа, пазарната инспекција и други надлежни институции“, објаснуваат од Владата.

Правната рамка треба допрва да се воспоставува, а целта според Владата е да се зголеми рејтингот во борбата против корупцијата, подобра контрола на ланецот на трговија и внатрешниот пазар, здравјето на луѓето, заштита на потрошувачите, борба против нелојалната конкуренција и зголемени приходи од даноци и акцизи. Според Владата, измамите ќе се намалат, затоа што производите ќе се следат до крајниот купувач.

Приватниот партнер ќе ги одржува електронските системи, уредите, опремата и капацитетите што ќе му бидат ставени на користење и располагање од Владата и ќе врши обука на кадарот. Генералниот секретаријат на Владата веќе ги изработил сите законски регулативи.

Партнерот ќе започне со маркирање на горива и изработување на кодовите за следење на тутунските производи, алкохолните пијалоци и пивото и лековите најдоцна по шест месеци од денот на склучување на договорот. За воспоставување на проектот ќе помогнат Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за здравство, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Регулаторната комисија за енергетика.

Договорот за јавно приватно партнерство ќе трае 10 години, а по истекот приватниот партнер е должен да го пренесе хардверот каде работи системот за управување со податоци вклучително и комерцијалниот софтвер. 

Предлогот на Владата беше усвоен пред два месеци на владина седница, а премиерот Зоран Заев рече дека тоа е негов предлог, како и предлог на Економскиот совет, на економските министри како алатка за борба против сивата економија и даночната евазија. 

„Проценката е дека во Македонија даночната евазија е 30 отсто. Проценката на ММФ е дека тој процент е 37 отсто или 1,4 милијарди евра. Тоа се пари кои мора да ги вратиме во буџетот. Се избегнуваат давачките за тутунот, на алкохолот… Трак енд трејсинг системoт ќе овозможи преку код да се следи секоја акцизна стока. За нафтата предвидени се нано честици во резервоарите со конечна цел државата да ги наплати сите пари и против нелојалната конкуренција. Предвидуваме трак едн трејсинг систем и за лековите иако тоа не е акцизна стока. Постојат приватни компании, мултинационални компании кои тоа го спроведуваат. Мора да ја спречиме акцизната евазија. Целта на овој систем е унапредување на борбата против сивата економија“, рече Заев пред повеќе од два месеци.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?