28 Март, 2024
0.0236

Приватните специјализанти се уште ја чекаат првата плата

Објавено во: Финансии 04 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Младите доктори - приватни специјализанти се уште немаат плата на своите сметки иако тоа како новина и вртење на нова страница им беше ветено уште во месец мај.

Ниту бројните средби со претставниците на Министерството за здравство не вродија со плод. Нивните сметки се празни а револтот е огромен. Од ресорното министерството им било кажано дека проблемот во Фондот за здравство, а не кај нив, по што стотината приватни специјализанти три пати со писмо се обратиле и до Фондот:

„Повикуваме динамиката на процесот на изработка на податоците и усвојувањето на финансиските средства да се забрза, бидејќи за нас ова е многу важно. Чекаме одговор во што пократок рок! Обработката на податоците трае повеќе од планираното и повеќе отколку што беше ветено. За нас е многу важно ова прашање да биде затворено, особено кога ги имаме предвид нашите трошоци кои ги имаме. Само исплатата на вториот семестар за нас достигнува 1600 евра“, гласи писмото упатено до Фондот за здравство.

Тие преку писмена изјава бараат ова прашање да биде решено и од премиерот Зоран Заев.

Специјализантите сакаат да знаат зошто во мај оваа година министерот за здравство Венко Филипче им рекол дека нивниот буџет веќе е во процес на усвојување.

Македонија има значителен недостиг на стручем медицински кадар. На територијата на државата има потреба од речиси 400 доктори, од кои само во Скопје недостигаат 150 лекари.


Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка