Приведен српскиот пејач Аца Лукас
Објавено во: Балкан 22 Јануари, 2021
Аца Лукас познатиот српски пејач бил приведен во рутинска контрола на Бањица, пренесуваат српските медиуми. Лукас бил запрен од полицијата и однесен до станицата. Според извештаите во медиумите, пеачот прво наводно избегал од полицијата.
Друга патрола успеала да го запре, а потоа бил направен алко-тест, кој потврдил дека има алкохол во крвта.
Медиумите наведуваат и дека пејачот во тоа време бил тестиран на лекови. Полицаецот се обидел да го спречи, но пејачот бил арогантен и ја навредувал полицијата.