Приведена е дадилката која во игротека удираше шлаканици на дете
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2019
Полицијата ја пронајде жената која удри дете во игротека во Аеродром.
Се работи за негувателка која требала да го чува детето.
Лицето е приведено, по што е известен јавен обвинител, а жената доби 30 дена притвор.
Околу 15:57 часот А.М., сопственик на угостителски објект пријавил дека утрово околу 11 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како непознато женско лице физички малтретира дете.
За случајот е известен Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на настанот.