Приврзаник на Брегзит нападнат со милкшејк
Објавено во: Свет 21 Мај, 2019
Првиот човек на британската партија за Брегзит, Најџел Фараж во градот Њукасл го нападнаа со милкшејк.
Тој шетал низ градот по што му пришол 32- годишен маж и го полил со милкшејк, навредувајќи го.
Нападот се случил откако Фараж им се обратил на приврзаниците на партијата во рамки на кампањата за евоизборите.
Полицијата го идентификува напаѓачот како Пол Краутер, кој веднаш е уапсен. Медиумите пишуваат дека станува збор за приврзаник на владејачките лабуристи и дека произведува свое пиво.