27 Јануари, 2020
0.0206

Признание за „Костал Македонија“ за придонесот во домашната економија од претседателот Азески

Објавено во: Мои пари 18 Јули, 2019

  На 17.7.2019 година во Охрид, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, оствари работна средба со раководството на „Костал Груп“, предводено од Каи Кникман, претседател и главен извршен директор на „Леополд Костал“ ДОО, со седиште во Луденшајд, Германија. На средбата се разменија искуства околу условите за водење бизнис во Македонија, состојбите околу понудата и побарувачката во автомобилскиот сектор на глобалниот пазар и за проекциите за раст на оваа индустрија, разгледувајќи ги притоа и искуствата од досегашното функционирање на „Костал Македонија“ ДООЕЛ - Охрид, која започна со работа во 2016 година, во дел од поранешниот индустриски комплекс на „ЕМО“ - Охрид.

  Приказната за „Костал Македонија“ е еден успешен пример за„brownfield“ инвестиција, изградена на постојниот капацитет кој беше во многу лоша состојба, а со иницијатива на сопствениците и менаџерите на „Костал“ Групацијата, односно со инвестицијата која ја направија, дел од овој индустриски комплекс повторно успеа да заживее и да се издигне во една успешна компанија со околу 400 вработени, со перспективи за натамошни инвестициски вложувања и уште повеќе нови вработувања, што претставува значајна придобивка и за поттикнување на економскиот развој на регионот, и на целата држава, - истакна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

  М-р Виктор Мизо посочи дека „Костал Македонија“ ДООЕЛ - Охрид е компанија која  активно е вклучена во работата на Стопанската комора на Македонија, но и многу повеќе од тоа. Таа е една од компаниите - иницијатори за формирање на една нова организациона форма во Комората, во рамките на Советот на странските инвеститори, а тоа е Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство. Оваа Асоцијација се формираше на 30 ноември 2018 година, со цел претставување и застапување специфичните интереси на странските компании од технолошко-индустриските развојни зони и од индустриските зони, како и унапредување на јавно-приватниот дијалог со државните институции, во насока на подобрување на деловниот амбиент, зголемување на конкурентноста, намалување на невработеноста и економски развој, гледано од перспектива на странските инвеститори.   Во знак на благодарност за успешната соработка, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, му додели Признание на генералниот директор на „Костал Македонија“ ДООЕЛ - Охрид, м-р Виктор Мизо, за особени заслуги за формирањето и развојот на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство во рамките на Советот на странски инвеститори при Комората.

  Каи Кникман се заблагодари на веќе воспоставената одлична соработка со Стопанската комора на Македонија и грижата за секоја своја нова членка, како што е „Костал“, изразувајќи надеж дека таквата взаемна соработка и поддршка ќе продолжи и во иднина.

  Во Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство денес членуваат дваесет и две странски компании од технолошко-индустриските развојни зони и од индустриските зелени зони од целата држава. Компаниите-членки на оваа Асоцијација во 2018 година вработуваат околу 20 илјади вработени со остварени годишни приходи од над 2,5 милијарди евра.

Во однос на забелешките на странските инвеститори од ТИРЗ и индустриските зелени зони за условите за водење бизнис во земјава, како клучни се издвојуваат барањата за предвидливо деловно опкружување и транспарентност во креирањето на економските политики и почитување на законите; можност за дебата и консултации пред носење измени во даночната регулатива; зголемување на ефикасноста на даночната администрација и почитување на роковите кои се пропишани со закон, како и преструктурирање на пазарот на работна сила со цел намалување на диспропорцијата меѓу побарувачката на работна сила на пазарот и квалификациите и вештините што ги имаат лицата кои бараат работа.

   


Можеби ќе ве интересира

Нова локација на експозитурата на Силк Роуд Банка во Кавадарци

Нова локација на експозитурата на Силк Роуд Банка во Кавадарци

На две улици утре ќе нема вода

На две улици утре ќе нема вода

Скопје викендов беше домаќин на меѓународниот ракометен турнир „КЛ7 2020“, Металург и КЛ7 први лауреати

Скопје викендов беше домаќин на меѓународниот ракометен турнир „КЛ7 2020“, Металург и КЛ7 први лауреати

Утринава без вода овие скопски улици

Утринава без вода овие скопски улици

Македонија со награда на Светскиот Економски Форум во Давос

Македонија со награда на Светскиот Економски Форум во Давос

IQOS ја создава иднината на тутунската индустрија

IQOS ја создава иднината на тутунската индустрија

Нов меѓународен одбор за доверба на Универзитетот ФОН - придонес кон задржување на младите и одржување на квалитетот на високото образование -

Нов меѓународен одбор за доверба на Универзитетот ФОН - придонес кон задржување на младите и одржување на квалитетот на високото образование -

Утре прекин на водоснабдувањето на две улици

Утре прекин на водоснабдувањето на две улици

Уличниот дефект на ул. Лисец 80 е завршен

Уличниот дефект на ул. Лисец 80 е завршен