29 Март, 2024
0.0300

Признанија за одговорен бизнис и за Mamforce Standard

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

– На Денот на одговорни бизниси што денес се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите им беше оддадено признание за посветеност на унапредувањето на човековите права во бизнисот на компаниите коишто применуваат добри практики и заштита на човековите права им е главна одредница во работењето. Им беше оддадено признание и на компаниите што го спроведуваат Mamforce стандардоткако алатка за родова рамноправност.

„Алкалоид“, „ЕВН“,„Интер Партес“, „Novomatic group of companies МК“ и „Прилепска Пиварница“ „Фармахем“, „Цементарница УСЈЕ“ добија признание за посветеност на унапредувањето на човековите права во бизнисот.

„Наградата ја воспоставивме за да укажеме на значењето на почитувањето на човековите права во бизнисот и да ја зајакнеме посветеноста на нашите компании во оваа насока. Очекуваме воспоставените критериуми да им укажат на компаниите како поефективно да ги насочат своите политики и практики за да се усогласат со Водечките принципи за бизнисот и човековите права на ОН и со Целите за одржлив развој. Денес речиси сите компании вработуваат работници, имаат добавувачи и деловни партнри од странство, вклучително и од земји по ниско почитување на човековите права. Тие нудат бројни производи и услуги и потребно е да знаат како да осигураат дека тие нема да бидат злоупотребени за нарушување на човековите права. Поради тоа креиравме пакет за поддршка на компаниите којшто ќе им помогне да ги идентификуваат клучните ризици во нивната компанија во однос на човековите права и да вградат политики и мерки што ќе осигураат дека ризиците нема да се реализират“, рече Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.

На настанот се истакна дека бизнисите влијаат на човековите права без разлика каде се и какви се поединостите на нивното работење. Тие имаат одговорност да ги почитуваат човековите права во сите сегменти од своето работење од работните. Компаниите кои само декларативно се придржуваат кон овие обврски, ризикуваат да изгубат бизнис.

За спроведување на Mamforce стандардотпризнанија добија компаниите Коузон, Фармахем, Реплек, Овејшн и Лион од Свети Николе. Стандардот е алатка за родова еднаквост и на компаниите им овозможува да ги надградат практиките во доменот на семејната одговорност. На компаниите, признанијата им ги додели, иницијаторката на проектот Mamforce,  г-а Диана Кобас Дешкович од Хрватска и ги запозна присутните како родовата рамноправност е важна за успешен бизнис.

„Меѓународните истражувањата покажуваат дека жените се недоволно застапени на пазарниот труд, ги нема на менаџерските позиции и покрај тоа што се образовани, што значи дека како општества губиме неискористен потенцијал. Економските анализи покажуваат дека до 2050 година, доколку се имплементираат стратегии кои тргнуваат од родовиот елемент, БДПто на ЕУ ќе се зголеми За 9,6 отсто.“ истакна г-а  Диана Кобас Дешкович.

MAMFORCE стандардот во Северна Македонија го имплементира Конект. Процесот на имплементација се спроведува преку ревизија на компаниите во коишто се испитуваат работните услови на вработените со посебен акцент на прилагодувањето на работните услови на родителите со мали деца (работно место, работно време, дополнителни сервиси, поддршка од компанијата и колегите), можност од постепено враќање од породилното отсуство (скратено и флексибилно работно време, работа од дома, повремена работа од дома, можност за отсуство поради болест на дете), како и можност за понатамошно усовршување, напредување и родова еднаквост на највисоките управувачки позиции.  Компаниите по спроведената ревизија изработуваат акциски план за воведување на дополнителни мерки со коишто се остварува право стандардот. По одреден период се прават проверки и компаниите имаат можност да се стекнат со повисок стандард.

Активностите на денешниот Ден на одговорни бизниси се  дел од проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Бизнис Конфедерација и во соработка со „Мрежата на Глобалниот договор на ОН во Северна Македонија”.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија