19 Април, 2024
0.0241

„Алкалоид“, „ЕВН“,„Интер Партес“ и други се закитија со признание за одговорен бизнис и за Mamforce Standard

Објавено во: Мои пари 16 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

На Денот на одговорни бизниси што денес се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите им беше оддадено признание за посветеност на унапредувањето на човековите права во бизнисот на компаниите коишто применуваат добри практики и заштита на човековите права им е главна одредница во работењето. Им беше оддадено признание и на компаниите што го спроведуваат Mamforce стандардоткако алатка за родова рамноправност.

„Алкалоид“, „ЕВН“,„Интер Партес“, „Novomatic group of companies МК“ и „Прилепска Пиварница“ „Фармахем“, „Цементарница УСЈЕ“ добија признание за посветеност на унапредувањето на човековите права во бизнисот.

„Наградата ја воспоставивме за да укажеме на значењето на почитувањето на човековите права во бизнисот и да ја зајакнеме посветеноста на нашите компании во оваа насока. Очекуваме воспоставените критериуми да им укажат на компаниите како поефективно да ги насочат своите политики и практики за да се усогласат со Водечките принципи за бизнисот и човековите права на ОН и со Целите за одржлив развој. Денес речиси сите компании вработуваат работници, имаат добавувачи и деловни партнри од странство, вклучително и од земји по ниско почитување на човековите права. Тие нудат бројни производи и услуги и потребно е да знаат како да осигураат дека тие нема да бидат злоупотребени за нарушување на човековите права. Поради тоа креиравме пакет за поддршка на компаниите којшто ќе им помогне да ги идентификуваат клучните ризици во нивната компанија во однос на човековите права и да вградат политики и мерки што ќе осигураат дека ризиците нема да се реализират“, рече Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.

На настанот се истакна дека бизнисите влијаат на човековите права без разлика каде се и какви се поединостите на нивното работење. Тие имаат одговорност да ги почитуваат човековите права во сите сегменти од своето работење од работните. Компаниите кои само декларативно се придржуваат кон овие обврски, ризикуваат да изгубат бизнис.

За спроведување на Mamforce стандардотпризнанија добија компаниите Коузон, Фармахем, Реплек, Оватион Адвертисинг ББДО и Лион од Свети Николе. Стандардот е алатка за родова еднаквост и на компаниите им овозможува да ги надградат практиките во доменот на семејната одговорност. На компаниите, признанијата им ги додели, иницијаторката на проектот Mamforce,  г-а Диана Кобас Дешкович од Хрватска и ги запозна присутните како родовата рамноправност е важна за успешен бизнис.

„Меѓународните истражувањата покажуваат дека жените се недоволно застапени на пазарниот труд, ги нема на менаџерските позиции и покрај тоа што се образовани, што значи дека како општества губиме неискористен потенцијал. Економските анализи покажуваат дека до 2050 година, доколку се имплементираат стратегии кои тргнуваат од родовиот елемент, БДПто на ЕУ ќе се зголеми За 9,6 отсто.“ истакна г-а  Диана Кобас Дешкович.

MAMFORCE стандардот во Северна Македонија го имплементира Конект. Процесот на имплементација се спроведува преку ревизија на компаниите во коишто се испитуваат работните услови на вработените со посебен акцент на прилагодувањето на работните услови на родителите со мали деца (работно место, работно време, дополнителни сервиси, поддршка од компанијата и колегите), можност од постепено враќање од породилното отсуство (скратено и флексибилно работно време, работа од дома, повремена работа од дома, можност за отсуство поради болест на дете), како и можност за понатамошно усовршување, напредување и родова еднаквост на највисоките управувачки позиции.  Компаниите по спроведената ревизија изработуваат акциски план за воведување на дополнителни мерки со коишто се остварува право стандардот. По одреден период се прават проверки и компаниите имаат можност да се стекнат со повисок стандард.

Активностите на денешниот Ден на одговорни бизниси се  дел од проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Бизнис Конфедерација и во соработка со „Мрежата на Глобалниот договор на ОН во Северна Македонија”.


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година