25 Април, 2024
0.0271

Пробиотици - неопходност при секое патување

Објавено во: Мои пари 22 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Денеска се повеќе се зборува за пробиотиците како тема која што има поволно влијание врз здравјето на луѓето. Иако крајните резултати се на страната на добрата здравствена состојба или подобрувањето на истата кај луѓето, механизмот на делување на пробиотиците е сеуште нејасен.

Зборот Пробиотик потекнува од латинскиот предлог „Pro“, што значи „За“ и зборот „βίος“ (bios, „life“) што значи „живот“. Од тука пробиотиците претставуваат и т.н добри бактерии кои применети во соодветни количини имаат поволно влијание врз здравјето на домаќинот.

Тие помагаат во воспоставувањето на правилната рамнотежа помеѓу добрите и лошите бактерии во нашиот гастроинтестинален тракт. Нивните позитивни влијанија се регулација на цревната микрофлора при дијареа, зајакнување на одбранбените способности на организмот т.е зајакнување на имунолошкиот систем, при употреба на антибиотици (да се спречи натамошно уништување на нормалната микрофлора). Се употребуваат уште и за намалување на егземата кај деца, за треман на дијареа, иритабилен колон, подуеност (метеоризам) и улцеративен колит.

Патничката дијареа е една од најпредвидливите болести која што е поврзана со патувањето. Присутна е кај 30% - 70% од патниците во зависност од дестинацијата и сезоната на патувањето. Порано традиционално се применувале следниве препораки за превенција од патничка дијареа „да зоврие, да се зготви, да се излупи или да се заборави“, но и покрај тоа сепак луѓето сеуште страдале од овој тип на дијареа.

Овој тип на дијареа се јавува подеднакво и кај машката и кај женската популација на патници, но сепак почеста е кај помладите отколку кај повозрасните патници. Еден од главните причинители за развој на дијареата е лошата хигиенска пракса во локалните ресторани при подготовката на храната, квалитетот на водата итн.

Соодветната употреба на средства за рехидратација и пробиотиците кога се спрема одредено патување допринело во голем процент да се намали патничката дијареа. Најдобра подготовка е кога се започнува со земање на пробиотикот 3-4 дена пред патувањето, додека трае патувањето и уште 5 дена по враќање од патувањето.

Правени се доста испитувања за да се докаже влијанието на пробиотиците во спречувањето на патничката дијареа, некои од нив укажале на позитивно влијание на пробиотиците, а некои и не биле баш уверливи, но со еден известај добиен во 2007 год се добиле цврсти докази дека придобивките од употребата на Saccharomyces boulardii, Lactobacillus acidophilus, Bifidobacterium се навистина значајни во намалувањето на шансите за добивање на патничка дијареа.

М-р по фармација Јулијана Златева

фото: freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка