„Проблематичните“ конгресменки не може да влезат во Иразел: Нетанјаху објасни зошто
Објавено во: Свет 16 Август, 2019
Израел одлучи да не дозволи посета на американските конгресменки Рашиди Тлаиб и Илхани Омар, изјави денеска Ципи Хотовели, заменичка на израелскиот министер за надворешни работи.
„Одлуката е донесена. Одлуката е дека не можеме да им дозволиме да влезат на конгресменките Рашид Тлаиб и Илхани Омар“, изјави Ципи Хотовеи, заменик министер за надворешни работи на Израел.
Оваа земја одлучи да не дозволи посета на „проблематичните“конгресменки во Израел на барање на американскиот претседател, Доналд Трамп, кој претходно оцени дека Ираел ќе покаже слабост, доколку дозволи на конгресменките да ја посетат светата земја.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја потврди забраната за влез и рече дека ниту една земја во светот не го почитува Конгресот како Израел, но додаде дека законот во Израел им забранува на луѓето кои работата на бојкотот на Израел, влез во земјата..
"Нивниот план за посета го добивме пред само неколку дена и беше јасно дека тие планирале патување чија единствена цел била да го поддржат бојкотот и колапсот на израелскиот легитимитет. Значи, на пример, тие ја наведоа дестинацијата како „Палестина" , а не" Израел ", рече тој. Нетанјаху, додаде дека американската конгресменка не побарала средба со ниту еден израелски функционер.