24 Април, 2024
0.0282

Измени во законот за нотаријат главна тема на средбата на Заев со граѓанските активисти

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со претставници на Здружението за заштита на граѓанските права „Но пасаран“ и Конфедерацијата на синдикати на Македонија (КСОМ).

На средбата со премиерот, Ана Глигорова и Марјан Ненов од „Но пасаран“ и Марјан Ристески и Кристина Антеска од КСОМ, како и нивниот правен застапник, адвокатот Донче Стаменков, ги презентираа своите барања и сугестии за измени на Законот за извршување и Законот за нотаријат, со цел да се намалат проблемите со кои се соочуваат граѓаните при наплаќањето на долговите.

- Ние се залагаме за извесен Мораториум кој се однесува на периодот на извршувањето на одлуките поврзани со комуналните услуги на доверителите, формирање на Регулаторна комисија преку која државата ќе контролира како се одредуваат вкупните камати за долговите, како и сумата за која се врши блокирањето на сметката на должниците - пренесе Глигорова додавајќи дека е потребно да се врши ревизија на работата на извршителите и нотарите.

Нејзиниот колега, Ненов потенцираше дека оваа проблематика, со наплаќањето на енормни суми за долг, кој претходно без каматите е за неколку пати помал, не засега само една социјално загрозена група, туку сите граѓани на државата.

Претставниците на Конфедерацијата на синдикати на Македонија (КСОМ), посочија дека до нив постојано стигаат жалби од граѓани, за неправилности при наплатата на долговите од страна на извршителите и судовите.

Адвокатот Стаменков оцени дека одредени законски измени ќе доведат до либерализација на пазарот на извршители и нотари.

- Една од клучните цели на Владината програма е да ги намалиме трошоците на граѓаните и да ги вратиме парите кај граѓаните. Потребно е, да овозможиме излегување од овој маѓепсан круг и да го зајакнеме финансискиот капацитет кај граѓаните - рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Република Македонија на средбата додаде, дека за решавање на изнесеното крупно прашање, е потребно да се отвори јавна дебата со граѓанските активисти, за да се утврдат сите детали и потреби од идни дејствија.

- Потребно е, да се вклучат институцииите, пред сé законодавната власт – Собранието на РМ, да се најде решение за сите - рече премиерот Заев на средбата со претставници на Здружението за заштита на граѓанските права „Но пасаран“ и Конфедерацијата на синдикати на Македонија.


Можеби ќе ве интересира

ДО ДИК ДОСТВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?