20 Април, 2024
0.1985

Прочуената лекарка Ана Глигиќ: За време на вариола верата за 10 дена вакциниравме 18 милиони луѓе, се стоеше во редици без дилеми

Објавено во: Балкан 21 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Пред повеќе од 48 години, поточно во 1972 година, Југославија беше погодена од епидемија на големи сипаници - вариола вера.

Вирусологот Ана Глигиќ објасни дека во тоа време, луѓето не ја доведувале во прашање валидноста на вакцината, ниту, пак, прашале ништо. Скоро целата земја беше вакцинирана за еден месец, а епидемијата заврши за нешто повеќе од два месеци.

„Ние вакциниравме 18 милиони луѓе уште од самиот почеток. Од прогласувањето на епидемијата, толку многу луѓе се вакцинирани во рок од 10 дена. Луѓето се редеа без дилеми. Тоа беше класична скарификација, гребење и потоа нанесување на вакцината на рака или со пиштол, и тоа помина многу брзо, така поминува многу голем број луѓе. Има и снимки од тие луѓе наредени во редови. Немаше никакви проблеми или принуда и истото беше на доброволна основа“, вели д-р Глигиќ, пренесува српско Курир.

Таа исто така рече дека во тоа време имало само една вакцина со која биле вакцинирани сите Југословени.

„Имаше само една вакцина и се знаеше дека е многу ефикасна, да се бори против сипаници многу успешно. Вакцина која е добро тестирана. Тоа беше лекот хиперимуноглобулин, кој беше направен од крвта на пациентите и пасивните антитела што може да се користат кај тешки пациенти, а тоа беше интерферон и ништо друго“, вели д-р Глигиќ.

Вирусологот Глигиќ вели дека сè уште не поднела барање за новата вакцина за короната, но доколку би одбирала денес, би ја одбрала вакцината од рускиот производител „Спутник V“. Таа исто така вели дека имало многу конфузија за тоа за каква вакцина станува збор, но вели дека на крајот на денот, важно е само да се вакцинираме што е можно побрзо, со цел да се стави крај на епидемијата.

„Одамна се изјаснив дека ќе ја примам руската вакцина и останав на тоа. Иако секогаш потенцирав дека би сакала вакцина направена според класичниот принцип, и сега гледам дека зборуваат нешто дека ќе воведат кинеска мртва вакцина. Тоа е класична вакцина, но со малку пократок имунитет. Направена е од вирус кој напаѓа, и се зајакнува во лабораторија, а потоа се умртвува и се убива, но целата честичка на вирусот учествува во производството на антитела. Не може да предизвика болест, но може да предизвика имунитет. Но, бидејќи веќе се изјаснив за „Спутник V“, сега не би го сменила мојот избор за вакцината“, рече таа.

Глигиќ, исто така, рече дека „жова класична вакцина“ ќе биде најделотворна, но дека е невозможно да се направи таква вакцина во овие услови.

„Вистинска, жива вакцина што би заштитувала многу долго, но за неа се потребни години на контрола. Затоа што мора да се провери затоа што е вирус кој е жив, но слабее. Сепак, тој може да биде ‚повампирен' и затоа контролите се ригорозни. Овие контроли траат три години“, рече таа, додавајќи дека со ваквите вакцини имунитетот може да биде доживотен, додека кај „мртвите“, според нејзиното објаснување, додека вирусот се умртвува, се убиваат и некои други делови од вирусот, и затоа тие не можат да дадат доживотен имунитет.

Таа заклучи дека мора да се потрудиме да го запреме ширењето на инфекцијата.

„Ова е сега стани-падни. Или ќе ја запреме епидемијата или ќе ја оставиме да не јаде“, заклучи д-р Глигиќ.

фото и извор. Курир.рс

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест