Продадена југословенската амбасада во Токио. Колку пари и следуваат на Македонија?
Објавено во: Економија 18 Февруари, 2019
Амбасадата и резиденцијата на поранешна Југославија во Токио е продадена за 15 милиони евра, објави хрватскиот Вјечерне новине. Ако се оди по принципот дека на Македонија и припаѓа 7 отсто од имотот, тогаш на нам ни следува околу 1 милион евра.
Иако објектот бил ставен на продажба со почетна цена од 9,7 милиони евра, тој достигнас сума со плус 5 милиони повеќе. Србија ќе добие 5,8, додека за Хрватска треба да селдуваат 3,5 милиони.
Станува збор за објект на парцела со површина од 1.726 квадратни метри, а самото преставништво е 938 метри кавдратни.
По истиот принцио поранепните земји-членки на федерацијата го продадоа станот на Тито во Њујорк, во престижниот Авенија парк, за 12,1 милиони долари. Станот го купил инвестициски банкар од виенско-француско потекло населен во Њујорк.
Најголема непродадена недвижнина од дипломатските претставништва на Југославија е резидентната зграда за остварување на мисијата во ОН која е проценета на 50 милиони долари.