19 Април, 2024
0.0384

Продаваат памет и прават милиони евра! Кои се најплатените програмери?

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Можеме и треба да сме горди со нашите програмери кои работат во македонските претставништва на познати глобални програмерски компании, а особено со оригинерните македонски програмерски компании и нивните брендови за програмирање, но и за компјутерски конслатинг. Програмерската работа веќе не е само брзорастечка индустрија. Таа е доверлив и ликвиден извор што генерира солиден внос на девизи, препознатлива е на странските пазари, а има солиден придонес за домашната економија особено во  преку која продаваме памет во светот.

Програмерството е професија која е високо резистентна на економските последици од корона кризата. Проверено! Ова го покажуваат официјални достапни податоци од Централниот регистар за најголемите програмерски компании во Македонија.

Најголем број од најуспешните програмерски фирми имаат „кор бизнис“ компјутерско програмирање, а има и такви кои се занимаваат со комјутерски консалтинг дејности како и со останати услуги кои произлегуваат од ИКТ индустријата.

Македонската ИКТ индустрија е генерално извозно ориентирана и нашите компјутерски умови се бренд производители и посакувани соработници на глобалниот програмерски пазар кој е пример за глобална пазарна економија во која најконкурентните, а не „најснаодливите“ најдобро поминуваат.

Сеавус, традиционално, е најголемата програмерска компанија на македонскиот извозно – ориентиран пазар. Ова друштво, кое е дел од „Сеавус Груп Холдинг“ лани оствари приходи вредни 17,7 милиони евра и годината ја заврши со раст од 5 отсто. Профитот на крај на 2020 година , во пандемиски услови, е зголемен за 12 отсто и достигна 4,1 милиони евра. Оваа е компанијата со најголеми приходи и најголема добивка лани.

Македонската компанија на Нетцетера лани го зголеми приходот за 21 отсто до 12,1 милиони евра. Добивката пак бележи пад 38 отсто и изнесува 390.000 евра.

Трет по големина на приходи играч на нашиот пазар е македонската филијала на реномираниот израелски бренд Ендава ПЛЦ. Лани нивните приходи од продажба пораснале за 15 отсто достигнувајќи 10,4 милиони евра. Профитот пораснал за 7 отсто достигнувајќи 904.000 евра.

Од аспект на ниво на профит најуспешна домашно – поседувана компанија е битолското програмерско чудо Интерворкс. Лани компанијата на Фанија Мемца оствари добивка од 1,1 милиони евра на приходи од 4,8 милиони евра.

Македонскиот програмерски бренд Некстсенс памети и подобри години, но и мината година беше на ниво иако бележи пад на приходите и на добивката. Друштвото чии сопственици се: Саша Гавриловиќ, Игор Андоновски, Васко Кроневски и Даниел Даниловски лани од продажба на памет оствари приход од 5,25 милиони евра и добивка од 332.000 евра.

Македонската фирма на Алокејт ЛТД лани работела повеќе од 2019 година. Приходите од продажба се зголемени за 9 отсто до 5,6 милиони евра, а профитот пораснал за 8 отсто и изнесува 558.000 евра.

Аксапта Мастерс е уште една солидно позиционирана компанија на домашни програмери. Нејзини сопственици се : Игор Трпковски, Владимир Митрески и Ристе Маревски. Лани продажбата ја зголемиле за 17 отсто до износ од 3,3 милиони евра и оствариле добивка од 662.000 евра – 13 отсто повеќе од 2019 година.

Солиден резултат има и Б-Технолоџи ДООЕЛ фирма на БТО БЕТ ЛТД. Приходот лани достигнал 2,8 милиони евра што е за 40 отсто повеќе од претходната година, а добивката изнесува 433.000 евра.

Од програмерските компании лани во тие со поголем приход е и Инскејл МКД фирма на странски државјанин Хенрик Моу. Лани остварила приход од 3,45 милиони ера и добивка од 140.000 евра.

Шампионски раст на добивката книжи фирма за компјутерски консалтинг дејности во сопственост на четворица Македонци. Станува збор за друштвото ИТГМА ДОО чии сопственици се: Дејан Гичевски, Сашко Целаковски, Ристо Колев и Филип Петков. Друштвото лани остварило приход од 3,5 милиони евра, а добивката е 448.000 евра и тоа е за 90 отсто подобар резултат од 2019 година.

Од компаниите кои се регистрирани за останати услуги во врска со ИКТ индустријата лаи солидно оствариле словенечката филијала на С&Т како и домашната компанија Акселтра. С&Т Македонија има приход од 7,5милиони евра и добивка од 352.000 евра, а Акселтра приход од 2,3 милиони евра и профит од 315.000 евра.



Р.Ф. 

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб