29 Март, 2024
0.0261

Продолжуваат протестите во Турција, едно лице загина

Објавено во: Свет 03 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

И официјално е потврдена првата жртва од немирите во Турција. Дваесетгодишно момче загинало во такси кое било нападнато од група демонстранти на булевар во Истанбул за време на антивладин протест. Во инцидентот се повредени четири други луѓе од кои еден е во тешка состојба. И денеска со солзавец турската полиција ги бркаше демонстрантите во главниот град Анкара. Полицијата го употреби гасот откако повеќе од илјада демонстранти, претежно млади луѓе се доближија до централниот плоштад Казалај скандирајќи „Таип поднеси оставка“. Нови судири меѓу демонстрантите и турската полиција избија и во Истанбул, а главните собири биле пред канцеларијата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган. Само минатата ноќ уапсени се над 500 демонстранти, откако безбедносните сили ги разбија протестите на неколку илјади лица во главниот град Анкара. Масовните протести и нередите во Турција не запираат ниту четврти ден по ред. Протестите започнаа поради незадоволство од одлуката на владата да ги исече 600 дрвја во парк во Истанбул и таму да  изгради трговски центар. По насилниот одговор на полицијата, демонстрациите се проширија на сите поголеми градови, а демонстрантите почнаа да бараат оставка од владата на Ердоган.  

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?