23 Април, 2024
0.0257

Успешни проекти кои направиле трајни резултати во македонското општество

Проект на УСАИД за образование на Роми – еден од најопсежните и најдолгорочните проекти во Македонија за инклузија

Објавено во: Мои пари 21 Март, 2018

Добивај вести на Viber

УСАИД во партнерство со македонските граѓани, институции, здруженија и организации, во изминатите 25 години посветено работи за подобрување на квалитетот на живот во земјата преку различни проекти, допирајќи до речиси сите сегменти од општественото живеење.

Во рамките на активностите за поддршка и унапредување на квалитетот во образованието, интеграција на маргинализираните категории на граѓани како и унапредување на меѓуетничкото разбирање, УСАИД во соработка со локалните партнери, невладиниот сектор, државните институции веќе четвртина век јасно ја потврдува својата посветеност во градењето на вистинско пријателство со македонските граѓани.


Проектот на УСАИД за образование на Ромите, со вкупен буџет од 5 милиони долари за период од десет години (од 2004 до 2014 година), –беше имплементиран од Фондација отворено општество – Македонија, во соработка со пет локални ромски невладини организации како и детската фондација „Песталоци” од Швајцарија.  Основниот мотив беше креирање на критична маса на едуцирани Роми кои ќе придонесат кон интеграција на Ромите во македонското општество. Активностите на оваа програма дополнително беа поддржани од мисијата на ОБСЕ и амбасадата на Унгарија во Република Македонија.

Главната цел на програмата  за образование на Ромите беше да им обезбеди  поддршка на учениците Роми да останат во образовниот систем, при што континуирано ќе ги подобруваат успехот и редовноста преку примена на позитивни образовни практики  но и ќе имаат можност да посетуваат настава во мултикултурна средина во која ромските ученици се целосно интегрирани.

Целокупната програма беше реализирана преку компонентите за предучилишно, основно, средно и високо образование, фокусирајќи се на преодните периоди - од одделенска во предметна настава, од основно во средно, како и од средно кон виоко образование - кога учениците се најподложни да не го продолжат образованието. Покрај тоа, проектот работеше на создавање одржливост преку обезбедување обуки за наставниците за социјална правда, и иновативни методи за инклузија кои во својот фокус го имаат ученикот. Понатаму, се спроведоа  обуки за интер-културно образование и развивање на капацитетот на училиштата за креирање инклузивна и демократска средина за работа во која беа вклучени родителите,

наставниот кадар, училишното раководство и локалната заедница со цел континуирано унапредување на позитивните резултати кај учениците. 

Во рамките на Проектот за образование на Ромите, на годишно ниво 1.200 ученици од претшколска возраст и основно училиште беа вклучени во  подготвителна настава за социјални и когнитивни вештини, културни и хигиенски навики, македонски јазик и основи на математика, подучување и поддршка за учење англиски јазик и курсеви за информатичка технологија.

Резултатите од проектот имаа големо влијание во општеството особено во однос на стапката на ученици- Роми кои го продолжуваат своето образование. За времетраење на овој проект, повеќе од 90 проценти од децата од предучилишна возраст се запишаа во прво одделение, а повеќе од 94 проценти од децата кои ги посетуваат центрите за поддршка ги завршиле соодветните одделенија и го продолжиле своето образование.

Стипендиите од програмата на УСАИД наменети за средно образование, им помогнаа 298Роми средношколци успешно даго завршат своето образование, а повеќе од 77 проценти од студентите Роми запишани во високо образование преминале кон следната универзитетска година. Во рамките на проектот, преку стипендии и академска поддршка, УСАИД во соработка со партнерите на овој проект, им помогна на околу 98 Роми да завршат високо образование. Најголем дел од нив се вработени во јавната администрација, невладини и меѓународни организации, и се во позиција да ги застапуваат правата и вклученоста на Ромите во општеството.


Успехот на програмата всушност се темели на фактот дека прерасна во одржлива политика на Министерството за образование и наука кое го превзема делот за стипендирање и менторство за сите запишани Роми во средно образование.

Десет годишната поддршка на образованието на Ромите даде импресивни резултати, кои покажуваат дека и тешките прашања можат да се решат доколку се работи посветено, во партнерство со сите чинители и учесници во образовниот процес и на подолг рок. 

Затоа се вистинските пријатели!


Можеби ќе ве интересира

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS