Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

Објавено во: Македонија 26 Април, 2025 12:22
Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус
Првпат во државата е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус.
Операцијата ја изведе доц. д-р Алан Андоновски, а во тимот се вклучени ас. д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Исмаил Велиу, д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, медицинските сестри Билјана Тројановиќ, Сања Тодоровска, Костадинка Вуковиќ и болничарка Ирена Галевска. Анестезиолошкиот тим го сочинуваа д-р Мики Филев, сестра Злата Апостолоска и Гордана Захариева.
-Овој тип оперативен зафат не би бил можен без постоење на програмата за трансплантација и дарувањето органи од починат дарител. Во оваа прилика ја потенцираме важноста на алтруизмот на семејствата на починатите дарители, што на уште еден пациент, благодарејќи на нивното човекољубие, ќе му се подобри квалитетот на живот - изјави д-р Милена Богоевска Доксевска, болнички координатор за трансплантација на Клиниката за ортопедија.
Националниот координатор за трансплантација проф. д-р Билјана Кузмановска изрази огромна благодарност и почит за семејството на донорот, како и до целиот медицински тим вклучен во интервенцијата.
-Како национален координатор за трансплантација ќе продолжам уште поинтензивно во подигнување ба свесноста кај граѓаните за органодарителство. Исто така, мој врвен приоритет останува инвестиција во едукацијата и нови развојни методи во трансплантационата медицина, вели проф. д-р Кузмановска.Можеби ќе ве интересира
ЌЕ СЕ СРЕТНЕЛ СО МИЦКОСКИ ДА МУ ЈА ОБЈАСНИ ВИСТИНСКАТА СЛИКА: Се огласи Таравари

„ЦЕЛО ВРЕМЕ ИМАЛЕ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА“: Се огласи Меџити

„ПОЛИЦИСКИ ЕКИПИ, УЈП, ДПИ И ОСТАНАТИ ИНСПЕКЦИИ ДЕНЕС ГО ТЕРОРИЗИРААТ КОЧАНИ, НА РАЗГОВОР ПОВИКАН РОДИТЕЛ НА ЖРТВА“: Костовски обвинува

„ТРАМПАА БАЈАДЕРИ ЗА КОРНИШОНИ“: Димитриевски вели државата не смее да биде монета за поткусурување

МУЦУНСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА ВО ШВЕДСКА: „Бев на утринска литургија“

СЕ ЧЕКА ЗАВРШНО ПИЕЊЕ КАФЕ СО ТАРАВАРИ: „Се враќа во прегратките на Али Ахмети“, вели Мицкоски

„ВРЕМЕВО Е ЛУДИЛО, КАКО ЗИМА ДА ЧЕКАМЕ“: Попоски предупредува на невообичаена снежна покривка на планините

УШТЕ ЕДЕН МЕДИЦИНСКИ УСПЕХ ВО МАКЕДОНИЈА: Клековски се пофали, еве која нова интервенција ќе се изведува во земјава

„СЛЕДНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА СКОПЈЕ НЕК СИ ПОТПИШАТ ИЗЈАВИ ЗА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ“: Галетановски со став за идните градоначалници
