19 Април, 2024
0.0253

ПРОФЕСИОНАЛЕЦ СО ДОЛГОГОДИШНО ИСКУСТВО: КОЈА Е Анита Ангеловска-Бежоска можната наследничка на гувернерот Богов?

Објавено во: Економија 17 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Уште само три дена актуелниот гувернер Димитар Богов ќе седи на гувернерската позиција во Народната банка на РМ.

По првичното неотстапување на шефот на државата гувернер да остане Богов, вчера Иванов го кажа предлогот.

Анита Ангеловска-Бежоска е актуелна вицегувернерка која претседателот ја предлага за наследничка на Богов.

Таа доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на Народната банка на Република Македонија и според Иванов е решение за гувернерската позиција, со кое би се продолжил континуитетот на позитивното работење и успешното водење на монетарната политика на Република Македонија.


Која е Анита Ангеловска-Бежоска...

Според достапните информации и биографијата објавена на сајтот на Народната банка Ангеловска-Бежоска има деветнаесет  години работно искуство, главно во областа на монетарната политика, макроекономската политика воопшто, фискалната политика и управувањето со јавните финансии. 

Во моментов, таа е вицегувернер на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и е одговорна за областите монетарна политика, истражување и статистика. 

Таа е исто така член на Советот на НБРМ и заменик гувернер на РМ во Бордот на Меѓународниот монетарен фонд. Пред да биде назначена за вицегувернер, таа работеше на позицијата главен економист на НБРМ и беше вклучена во дизајнирањето и спроведувањето на монетарната политика, макроекономските проекции, анализи и економски истражувања. 

Две години работеше за Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон како економист во Дирекцијата за Европа и Дирекцијата за фискални работи, при што беше член на повеќе преговарачки мисии за програми помеѓу фондот и земјите-членки, а беше ангажирана и како и експерт во мисиите со кои фондот обезбедува техничка помош на земјите-членки. 

Како лидер на работната единица за воспоставување на трезорскиот систем во Македонија, а подоцна и како директор на секторот Трезор при Министерството за финансии, таа учествуваше во процесот на реформирање на системот на управување со јавните финансии во Република Македонија, вклучувајќи воспоставување единствена трезорска сметка, систем за контрола на обврските, управување со буџетската ликвидност и развој на пазарот на државни хартии од вредност. За придонесот во развојот на системот на јавни финансии во РМ таа има добиено награда од страна на Американската амбасада во РМ. 

Исто така, има работено на позицијата државен секретар во Министерството за финансии, на која беше одговорна за координирање на процесот на макроекономското планирање, планирање и извршување на Буџетот на РМ и за односите со меѓународните финансиски институции, а била и член на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување и на Фондот за осигурување на депозити на Република Македонија. Таа била предавач на ЦЕФ (Center of Excellence in Finance) во Љубљана и на Универзитетот „Американ колеџ“ - Факултет за бизнис-економија и менаџмент во Скопје. 

Дипломирала во 1994 година, а магистрирала во 1997 година на Економскиот факултет во Скопје. Во 2015 докторирала на Економскиот факултет во Љубљана, Словенија. 

Зошто е важна функцијата на гувернерот...

Не само добро платена, гувернерската “фотеља“ е и престижна , но и авторитативна и во одредени ситуации, гувернерскиот збор може да биде пресуден за економијата. 

Гувренерот дава но и одзема дозволи за работа на банки, со тимот вицегувернери ги следи макроекономските показатели, дава прогнози и проекции, ја контролира работата на вкупниот банкарски сектор, и што е најважно ги дава координатите на курсот на домашната валута, со основна цел – одржување на ценовна стабилност. 

Ингеренциите на гувернерот се строго дефинирани, меѓудругото, и  во Законот за Народна банка и во Законот за банки, па така со оваа значајна институција, на чие чело е гувернерот раководи и Советот на НБРМ, кој има широки надлежности, па така тој пропишува:  

“Методологија за управување со кредитниот ризик и утврдување на критериуми за класификација на активните билансни и вонбилансни ставки според степенот на ризичност, Методологија за управување со валутниот ризик и други пазарни ризици, Методологија за управување со ликвидносниот ризик, Методологија за сигурноста на информативниот систем на банката“.

Според законската регулатива, гувернерот на НБРМ има мандат од седум години, го предлага претседателот на државата а се гласа во парламентот. На 20 ти мај истекува мандатот на актуелниот гувернер Димитар Богов, изборот на нов веќе се проблематизираше поради тоа што парламентраното мнозинство прати порака дека нема да го поддржи предлогот на Иванов за реизбор на Богов за уште еден седумгодишен мандат.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб