20 Април, 2024
0.0268

Професор иноватор од Кавадарци има решение за лажните дојави за бомби

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Професорот Димитрија Ангелков од средното електро-машинско училиште во Кавадарци вели дека има решение за надминување на проблемот со хибридните напади кои ја тресат државата и училиштата низ македонските градови со лажните дојави на бомби.

Иноваторот кој има добиено бројни награди за иновации, реши да се огласи по денешните заканите за бомби во пет кавадаречки училишта.

– Решение за дојавите е многу едноставно користење централиризан емаил сервер, на кој ќе бидат пријавени сите дигитални сертификати издадени од телеком и кибс. Така никој нема да може да прати емаил на школо ако нема валиден сертификат, добиен од телеком или од кибс. Решенија има, треба да се практикуваат. Друго решение е користење десктоп апликација вибер, кој работи, преку активација од мобилниот телефон, така исто секој што ќе се осуди да прати порака, ќе се знае од кого е пратена, објави Ангелков.

Тој смета дека со ова решение, поединци нема да можат да праќаат мејлови по училишта, затоа што ќе им треба дигитален сертификат за да може електронски да комуницираат со училишта.

Во Полициска станица Кавадарци утрово околу 7 часот  било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта (две средни и три основни) во Кавадарци им била упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, полицијата презела мерки за безбедно евакуирање од училиштата и во тек се антитерористички проверки.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите