22 Април, 2018
0.0506

Професорки бараат Иванов да стави вето на Законот за јазици

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2017

Законот за албанскиот јазик е спротивен на Уставот, го надминува Рамковниот договор и ќе ја легитмира Македонија како земја со двојазичен и двонационален идентитет, сметаат професорките кои му пишаа на шефот на државата Ѓорѓе Иванов. 

Академик Катица Ќулафкова, професорката по политички систем Гордана Силјановска и професорката од Институтот за македонски јазик, Симона Груевска Маџовска во отворено писмо наведуваат дека станува збор за лош закон кој ќе ја наруши кохезијата меѓу граѓаните во Македонија.

„Во прашање е лош закон  од аспект на меѓуетничките односи, владеењето на правото, Охридскиот рамковен договор, деловничката процедура, европските јазични политики и номотехниката“ – стои во писмото на  професорките.

Тие предупредуваат дека радикалните промени на статусот на албанскиот јазик може да ја сменат идентитетската карта на Македонија во Обединетите нации и бараат од Претседателот Ѓорѓе  Иванов да стави вето.

„Поранешниот претседател Црвенковски стави вето на Законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните во РМ и во единиците на локалната самоуправа во 2008. Редно е претседателот Ѓорѓе Иванов, барем еднаш, да посегне по вето, не за да манифестира моќ, туку заради правната држава. Ако пратениците повторно го изгласаат со апсолутно мнозинство, на потег е Уставниот суд на РМ, којшто мора да го (од)брани Уставот!“ – пишуваат професорките во своето отворено писмо.

За овој закон во Собранието имаше бурна расправа на релација ДУИ-БЕСА. 

Можеби ќе ве интересира

Најавен голем првомајски протест за стопирање на извршителите

Најавен голем првомајски протест за стопирање на извршителите

Заев за Франс прес: Блиску сме до решение кое ќе трае со векови со Грција

Заев за Франс прес: Блиску сме до решение кое ќе трае со векови со Грција

Голем пожар покрај Преспанското езеро

Голем пожар покрај Преспанското езеро

Заев тврди дека сите разговори за „Монструм“ се во СЈО

Заев тврди дека сите разговори за „Монструм“ се во СЈО

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се тргне од патот на правдата за „Монструм“

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се тргне од патот на правдата за „Монструм“

Филипче: Без вакцини нема запишување во градинка и училиште

Филипче: Без вакцини нема запишување во градинка и училиште

МВР со голема акција во Скопје во лов на пијани возачи

МВР со голема акција во Скопје во лов на пијани возачи

Крадци ја „пеплосале“ катната гаража Македонска фаланга

Крадци ја „пеплосале“ катната гаража Македонска фаланга

И Даниел Сервер доаѓа во Македонија

И Даниел Сервер доаѓа во Македонија