23 Април, 2024
0.0308

ПРОФИЛ Тевдовски: Од надежен фудбалер до министер за финансии!

Објавено во: Економија 29 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Најтешката задача во идната Влада на Зоран Заев му припадна на професорот Драган Тевдовски, кој ќе биде новиот министер за финансии. Менаџирањето на државната каса Тевдовски ќе го превземе од техничкиот министер Кирил Миноски, од кого наследува јавен долг од 4,73 милијарди евра што е 46% од БДП.

Со оглед дека, изминатите години, токму ресорот финансии беше под силни критики на економистите поради се поголемите задолжувања, отсуство на транспарентност за што се трошат парите, но и сомнежите дека државната каса е празна, а јавниот долг е нереално прикажан, токму Тевдовски ќе треба да ја открие вистинската слика за финансиите во земјава, а криењето на јавниот долг во неговиот мандат треба да стане кривично дело, како што пишува во изборната програма на СДСМ.

Тевдовски предава квантитативни методи во финансии и статистика за бизнис и економија на Економскиот факултет во Скопје, но во јавноста малкумина знаат дека во младоста бил надежен фудбалер.

Од својата десетта година, па се до полнолетството успешно плива во спортските води. Игра во младинската школа на ФК Вардар, и во тој период неговиот тим ги освојува сите титули во младинските првенства на Македонија.

Исто така, тој е дел и од Младинската репрезентација на Македонија во фудбал,  која пак  во 1997 година го освојува второто место на Балканското првенство. Спортот не го остава ниту за време на студиите, па така Тевдовски игра и во Балкан, Работнички и Скопје.

Трисет и осумгодишниот, иден министер за финансии, кого студентите го избрале за најинспиративниот професор, сведочат дека на неговите предавања се бара столче повеќе поради мотивациските способности кон нив, но сега и нивните очекувања  од Тевдовски се уште поголеми, со надеж за подобар студентски стандард и подобри услови за студирање, што секако ќе зависи и од менаџирањето на државната каса и економскиот раст  што ќе биде испорачан додека Тевдовски е на челната позиција на Министерството за финансии.

Тевдовски ја има титулата доктор по економски науки, стекната на Економскиот факултет во Скопје, а четири години претходно магистрирал со просек 10,00 на Економскиот факултет во Белград. Неколку години подоцна заминува на  постдокторски студиски престој во истражувачкиот центар CREATES, при Универзитетот во Архус, Данска, во областа на економетријата.

Во политиката е долго време, како еден од истурените играчи на СДСМ, а веднаш по седнувањето во министерската фотеља, веројатно ќе нема долго време за прилагодување, бидејќи ако се следат најавите на СДСМ, дека непродуктивните проекти ќе бидат скратени веројатно многу бргу ќе мора да го скрои и ребалансот на буџетот, а уште поверојатно е дека ќе мора да стави потпис и на еврообврзница. Тоа пак значи дека Тевдовски ќе треба многу скоро и да седне на дебата со лица од опозицијата и со експерти, со оглед дека едно од ветувањата на СДСМ беше дека во текот на постапката на носење на буџетот, премиерот и министерот за финансии ќе учествуваат во јавна дебата на МРТ заедно со лица од опозицијата и со експерти.

Минатата година, Тевдовски е избран за најдобар научник на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во областа на општествените науки, а останува да се види дали неговата работа во Министерството за финансии, сепак ќе биде оценувана од „Фискален совет“, како независен орган формиран од страна на Собранието, во којшто ќе членуваат истакнати експерти по финансии или економија, со мисија да го оцени кредибилитетот на фискалната политика и да обезбеди нејзина транспарентност и предвидливост, како што впрочем беше најавено во предизборната кампања.

Иако, можеби не е во негова директна надлежност, но сепак Тевдовски ќе треба да има голема улога и во откривањето на вистинските сопственици на оф-шор компаниите што инвестираат во земјава, со оглед дека една од клучните најави на СДСМ беше и дека во нивниот мандат ќе бидат обелоденети сопствениците на сите оф–шор компании што инвестираат во земјава, на кои пак ќе им се остави простор да го достават целокупниот историјат на фирмите.  

С.Н.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска