29 Март, 2024
0.1270

Прогноза за петок: Локално обилни врнежи

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Врнежи очекуваме во текот на целиот ден, а ќе започнат уште од полноќ. За почеток, во текот на оваа ноќ, врнежите ќе бидат слаби, локално со умерен интензитет, пред се во јужните делови од земјава, информира метеопро. 

Претпладне врнежите ќе се интензивираат во јужниот регион, особено на југоисток. Повремено очекувајте засилен интензитет на врнежите во овој крај, се до рано навечер. Во овој крај ќе имаме и најголема количина на наврнат воден талог, над 30 литри на метар квадратен.

Во останатите краишта низ земјава во текот на целиот ден ќе има умерени врнежи.

Што се однесува до типот на врнежи, во западниот регион тие ќе бидат скоро насекаде од снег, околината на скопската котлина од повремено дожд мешан со снег, но претежно од влажен снег.

Источниот крај, пред се југоисточниот очекува врнежи од дожд. Дури приквечер во повисоките делови од истокот, пред се се мисли на регионот јужно од Делчево, може да се очекува снег.

Новата снежна покривка во западниот регион би била помеѓу 10 и 20 сантиметри, а на планините околу 40. На Кожуф, Ниџе и Баба има услови и за над 60 сантиметри нов снег, додатно со формирање на навеви од ветер кој ќе дува од југ - југоисток.

Од оваа состојба, со сигурност може да се каже дека собраќајот ќе се одвива отежнато, особено на планинските превои во западниот регион.

Минималната температурата ќе има вредности во дијапазонот од -3°С до 1°С, односно околу 3°С на југоисток.

Котлините низ земјава ќе имаат температура помеѓу 0°С и 2°С, а во југоисточниот крај околу 4°С.

Пошироката скопска околина ја очекува облачно и врнежливо време во текот на целиот ден. Повисоките населби со сигурност ќе имат врнежи од снег, а во централниот дел на котлината врнежите ќе бидат од влажен снег и/или дожд со снег.

Извор: метеопро

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење