ПРОГНОЗИ ОД ЕКСПЕРТИ: Еве што ги чека Германците во 2020 и 2021 година
Објавено во: Економија 13 Декември, 2019
Киелскиот институт за светска економија соопшти дека Германија дури во 2021 година може да очекува посилен раст.
Потешкотиите во индустрискиот сектор, влијаат на услугите, го кочат растот и економијата.
Во 2020 година се очекува Германија да има раст од 1.1 отсто, а тој ќе се зголеми на 1.5 отсто во 2021 година.
Сегашниот слаб раст е резултат на рецесијата во индустријата.
Се очекува дека личната потрошувачка во 2020 година ќе порасне за 1.5 отсто, а во 2021 година ќе скокне за 1.7 отсто.
Се советува да се намали задолжувањето и да има нови вложувања.