24 Април, 2024
0.0280

Прогресијата и опортунитетниот трошок

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Кога се носат одлуки од економска природа проценетите трошоци и придобивки од одредена акција се клучни за одлуката која ќе се донесе. Секогаш, наместо едноставна пресметка на трошоците за еден проект, во предид се зема и можноста за алтернативното искористување на средствата. Тоа значи дека кога се носат одлуки се цени и опортунитетниот трошок, кој всушност ја претставува вредноста на првата најдобра алтернатива за искористување на ресурсите. Пропуштената добивка од најдоброто алтернативно искористување на средствата е опортунитетен трошок. Иако, првенствено категоријата „опортунитетен трошок“ се врзува со одлуките кои се носат на микро ниво, добро е овој принцип да се применува и врз одлуките на макро ниво, па дури и не само на оние од економска природа, затоа што тоа е начин да се земат предвид пропуштените можности.

Следствено на ова, кога државата носи конкретна одлука, треба да се знае што се добива со истата, а што би можело да се добие ако се постапи поинаку.

Министерството за финансии најави одложување на примената на зголемените стапки кај данокот на личен доход до 2023 година, врз основа на сопствената анализа која укажува дека приходите кои можеле да се приберат од прогресивното оданочување и повисоката стапка на данокот на личен доход се помали за 51,2 отсто во однос на потенцијалот, а износот на остварени приходи само од прогресивната и повисока стапка на данокот на личен доход, со анулиран ефект од пораст на плати и вработувања, за првите шест месеци од 2019 година е 12,7 милиони евра. Потенцијалниот приход, односно средства кои Буџетот можел да ги има, но не ги добил, поради промената во однесувањето на даночните обврзници бил 19,2 милиона евра, што значи дека изгубените приходи кои можеле да се приберат, а не се прибрале, се 6,5 милиони евра.

Бројките и не се толку важни, бидејќи не станува збор за „огомни“ загуби, но важен е фактот дека настанала даночна евазија и обврзниците своите доходи ги префрлиле во други даночни системи или на други лица чии доходи се под прагот за прогресивното оданочување.

Токму на ваква опасност предупредуваше деловната заедница.

За потсетување, во периодот пред најавата од страна на Владата за промена во даночната политика и евентуално воведување прогресија кај персоналниот данок се укажуваше дека позитивните ефекти од прогресијата ќе бидат помали отколку негативните ефекти кои ќе се одразат на деловното окружување, како и дека регионалното окружување не дозволува зголемување на стапките од причина што ќе се случи даночна евазија, но и дека ќе се изгуби компаративната предност на државата како дестинација за инвестирање со ниски даноци. Сепак, Владата со образложение дека нејзини главни цели се еднаква шанса и можности за подобар живот за сите граѓани и намалување на социјалната нееднаквост, воведе прогресивно оданочување со данок на личен доход.

Имајќи го предвид претходното, Стопанската комора на Македонија врз основа на резултатите од сопствената анализа за иницијалните ефекти од воведувањето на прогресивното оданочување на прес-конференција одржана на 14.10.2019 година упати јавен повик до надлежните институции да испитаат дали конкретните политики придонесоа за селење на одредени бизниси во околните држави, односно дали за одредени услуги кои ги даваат македонски даночни обврзници по зголемувањето на даночните стапки на данокот на личен доход плаќањата се вршат надвор од државата, во соседните држави во кои сé уште доходот се оданочува по пониски стапки.

Во контекст на претходното добро е што Министерството за финансии се одѕва на повикот, се одважи да ги презентира резултатите од нивната анализа и врз основа на истите да ретерира во намерата наредните години доходите да ги оданочува по повисоки стапки. Но и понатаму останува прашањето дали конкретната одлука е најдобрата можна одлука со која во суштина се решава проблемот, односно дали ваквата одлука ќе влијае на промената на однесувањето на даночните обврзници.

Целосното укинување на повисоките даночни стапки ќе дадеше подобри ефекти, од причина што ќе влијаеше на јакнење на довербата кај даночните обврзници кои се одлучиле своите доходи да ги „преселат“ во соседните држави и можеше да има влијание врз даночниот морал, менување на нивните одлуки во однесувањето и враќање на доходите во Македонија. Исто така, целосното укинување на повисоките даночни стапки ќе дадеше подобри ефекти од аспект на враќање на имиџот пред потенцијалните странски инвеститори на земја со ниски даноци.

Одложената примена на делот од законот кој се однесува на повисоките стапки на данок на личен доход до 2023 година, наместо негово целосното укинување го доведува во прашање претходното.


Анета Димовска, самостоен советник
во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка