25 Април, 2024
0.0278

ПРОГРЕСИВЕН ДАНОК: Како се менуваа стапките и колку ни прибира државата

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Бура од реакции предизвика воведувањето на прогресивниот данок на доход, кој Владата го најавува од стартот на следната година. Стопанствениците но и дел од експертската јавност смета дека ова ќе удри по прогресивниот дел од популацијата, она што се смета за средна класа. Аналитичарите велат дека ќе се зголеми и даночната евазија, па тврдат дека Владата треба да ги зголемува даночните приходи со поголема контрола, со зголемување на наплатата на даночните давачки, но и со рационализација на расходната страна на буџетот. Македонија има таканаречен рамен данок од 2007 година. Во годините претходно односно од 1994 години доходот на граѓаните се пресметуваше со примена на прогресивни даночни нивоа.

Историски од 1994 до 2000 година, остварениот доход до висината на две просечни месечни плати се оданочуваше по стапка од 23 проценти. Доходот над 2 до 5 плати по стапка од 27 отсто, а доходот остварен над 5 просечни плати од 35 проценти. Даночната основа за остварениот доход по сите основи се намалуваше за една четвртина од износот на просечната плата во земјава.

Од 2001 година до 2004 година, имаше две стапки во проегресијата. Доходот остварен во годината во износ до 360,000 денари се оданочуваше по стапка од 15 проценти, а доходот над 360,000 денари по стапка од 18 отсто. 

Од 2005 година до 2006 година, оданочувањето на доходот на граѓаните се врши повторно на три нивоа или доходот остварен во годината до 360,000 денари се оданочува со стапка од 15 проценти, доходот, од 360,000 денари до 720,000 денари по стапка од 18 проценти, а доходот над 720,000 денари по стапка од 24 проценти.

Од 1 јануари 2007 година, се воведува пресметување на персоналниот данок со примена на пропорционална даночна стапка т.н. “рамен данок“. Во 2007 година, стапката на оданочување на доходот на граѓаните беше 12 проценти.

Од 2008 година, стапката на оданочување на доходот на граѓаните се намалува и изнесува 10 проценти. Од 1 јануари 2009 година со воведувањето на интегрираната наплата на данокот и придонесите од плата, даночната основа за остварениот годишен доход, се намалува за износот на даночното ослободување од 84,000 денари.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија