16 Април, 2024
0.0248

Произведувачот на ремдесивир со неверојатна добивка во третиот квартал

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Антивирусниот лек ремдесивир за хоспитализирани пациенти со Ковида-19 веќе му донесе на неговиот производител Gilead Sciences добивка од скоро 900 милиони долари во третиот квартал, објави фармацевтската лабораторија.

Благодарение на продажбата на производот, кој беше развиен без успех за третман на хеморагична треска од ебола, групацијата ги зголеми кварталните приходи за 17 проценти и изнесуваат 6,58 милијарди долари. Gilead Sciences стана профитабилна компанија и оствари нето добивка од 360 милиони долари.

Ремдесивир е еден од првите лекови за кои се покажа дека е релативно ефикасен во ригорозните испитувања за да се скрати времето на опоравување на пациентите со ковид-19.

Се покажа дека Ремдесивир го скратува времето на опоравување за неколку дена, но не е докажано дека ја намалува смртноста.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој се зарази со ковид-19 на почетокот на октомври, веќе пет дена добива ремодесивир, како и други лекови.

Американската агенција за борба против дрогата (ФДА) издаде трајно одобрување на 22 октомври за лекот, кој стана единствената специфична терапија за ковид-19 одобрена трајно наместо привремено во САД.

Европа и другите земји исто така привремено го одобрија ремдесивирот од пролетта.

Произведувачот остварува значителен дел од своите приходи со продажба на лекови за СИДА, кои пораснаа за 8 проценти, односно на 4,5 милијарди долари.


Можеби ќе ве интересира

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување