25 Април, 2024
0.0737

Производители на мебел, бројат милиони евра, кои се тие?

Објавено во: Економија 24 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Од мноштвото домашни компании кои се занимаваат со производство на мебел , седум се милионери од аспект на остварените приходи. Нивните приходи се движат од 1,5 милиони евра до 6,9 милиони евра. А кај најуспешната профитот надминува 10 отсто од приходите

Класичен или модерен е работа на избор, но мебелот е неопходен за секој дом и канцеларија во земјава. Мебелот е секогаш потребен, а често и статусен симбол, па и го купуваме секогаш кога имаме можност за тоа. Без разлика дали тоа е во кеш, на рати или кредит. Македонија, освен увозници има многу производители на мебел. Од мали домашни или гаражни фирми преку средни претпријатија кои делуваат локално или регионални до неколку големи компании кои се познати производители на мебел. Нашата национална номенклатура (превземена од меѓународната класификација) ги дели производителите на : производители на канцелариски мебел и мебел за продажба, производители на кујни, производители на друг мебел и производители на душеци.

Во земјава според резултатите остварени во 2018 година седуми компании производители во областа на мебелот имале приходи поголеми од еден милиони евра. Меѓу нив две се производители на канцелариски и мебел за продавници, четири се производители на друг мебел и еден е производител на душеци.

Дрвно индустрискиот комбинат „Фагус“ ДООЕЛ од Пехчево, малата погранична општина од источна Македонија е најголемиот производител на мебел во земјава во конкуренција на стотина компании. Овој гигант, сопственост на штипската фирма „Пеком Инженеринг“ од Штип оствари приход од 6,9 милиони евра и добивка од 485.000 евра. Ова воедно е и најуспешната компанија во македонската индустрија за мебел.

Најголем конкурент е познатата струмичка компанија за мебел „Алмак“. Компанијата, сопственост на Борче Андонов, што го гради својот бренд долги години наназад во 2018 година оствари приход д 6 милиони евра и добивка од 92.000 евра.

Следува најпознатата виничка компанија за производство на мебел Мебел Ви, конкурент на струмички „Алмак“ која исто така долги години наназад произведува мебел и го гради својот бренд на домашниот пазар. Оваа компанија, основана и сопственост на претприемачот Бранко Тасев, во 2018 година остварила приход од 4,7 милиони евра и профит од 351.000 евра. Иако има помали приходи од претходите две , процентуално виничката компанија била поуспешна зашто профитот изнесува 7,5 отсто од приходите што е повеќе од двете други компании.

Следува уште една виничка компанија – тоа е Мебел Трејд која во 2018 година остварила приход од 3 милиони евра и добивка од 17.000 евра. Нејзини сопственици се виничката компанија Бординг, скопската фирма „Југоекспорт“ и физичкото лице Ѓоко Атанасов. Уште една компанија има приход од 3 милиони евра во 2018 година. Тоа е тетовската компанија Хелга со приход од 3 милиони евра и добивка од 305.000 евра.

На шесто место во групата најголеми е единствената компанија за производство на душеци. Нејзиното седиште е во Горна Речица, Тетово исе вика Федер Бау. Оваа компанија е сопственост на Абдилкадри Бајрами во 2018 година остварила приход од 1,7 милиони евра и добивка од 33.000 евра. 

И последната од големите компании за мебел е од тетовскиот регион. Таа се вика Мебел Дизајн и нејзиното седиште е во село Седларце во општина Брвеница. Оваа компанија е сопственост на Агим Емрулаиостварила приход од 1,55 милиони евра и добивка до 113.000 евра.

Како стојат производителите на кујни?

Во ова рангирање нема производители на кујнски мебел затоа што ниту една од фирмите регистрирани за таа дејност нема приход од барем еден милион евра. Најголме приход од производителите на кујни во 2018 година остварила Санлес од Тетово. Компанијата чиј сопственик е Драган Јефтоски остварила приход од 800.000 евра, а добивката изнесувала 34.200 евра. Најуспешна компанија производител на кујни во таа година била битолската фирма Гоцис сопственост на АД „Гоцис“. Нејзиниот приход бил половина милион евра, а добивката изнесувала 48.700 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија