28 Март, 2024
0.0258

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА БЕТОН САМОСТОЈНО ЌЕ ВРШАТ КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И СВОЈСТВАТА НА БЕТОНОТ

Објавено во: Мои пари 24 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Законот за градежните производи предвидува поголема одговорност за                 производителите на градежните производи

Со Законот за градежните производи од 24 јуни 2015 година се предвидоа повеќе промени особено во однос на начинот на контролата на производството на градежните производи, меѓу кои и поголема одговорност за производителите на бетон кои согласно овој закон е потребно сами да вршат контрола на квалитетот и одржување на постојаност на својствата на бетонот. Производителите на бетон, доколку сакаат да го пласираат својот производ на пазарот и да учествуваат во постапките за јавни набавки ќе треба да изготват Изјава за својства (Declaration of performance).

Со Изјавата за својства во целост производителот ја презема одговорноста за сообразност на производот во согласност со националните (европски) стандарди. За да може да ја изготви Изјавата за својства, производителот треба да поседува Сертификат за сообразност на фабричка контрола на производство издаден од страна на именувано тело за сертификација на градежни производи кое покрај сертификацијата и редовно ќе врши надворешна контрола.

Производството на бетон во последните години континуирано расте. За шест години производството на бетон пораснал двојно, односно според последните обработени статистички податоци на Државниот завод за статистика, ако во 2010 година се произвеле 176 илјади тони бетон, во 2016 година градежниците произвеле 340 илјади тони од овој материјал. Со Изјавата за својства, производителите ќе одговараат дека нивниот производ е сообразен со потребните стандарди, – велат од Групацијата на агрегати, бетони и асфалти во рамки на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија.

Стопанската комора на Македонија преку Групацијата презема повеќе активности за едукација на компаниите во насока на нивно подетално запознавање со обврските согласно Законот за градежните производи, со акцент на нивните обврски пред да го пуштат производот на пазарот.

Со цел производителите на бетон да се запознаат подетално со условите и начинот на пуштање на бетонот на пазарот, постапката за оцена и потврда на постојаност на својствата и процесот на сертифицирање на бетонот, во Стопанската комора на Македонија на 25.4.2018 година ќе се одржи едукативен семинар на тема: „ОЦЕНА НА СООБРАЗНОСТ НА БЕТОНОТ СО ПОТРЕБНИТЕ СТАНДАРДИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНИТЕ ПРОИЗВОДИ“.

На семинарот свое излагање ќе имаат претставници од Групацијата, Институтот за стандардизација на Република Македонија, именуваните тела за сертификација на градежни производи: Градежниот институт „Македонија“ - Скопје,  Заводот за испитување на материјалите и развој на нови технологии „Скопје“ - Скопје  и „ГЕИНГ - Кребс унд Кифер Интернешнл“ – Скопје, како и претставници на инспекциските органи кои вршат надзор на пазарот и градежништвото и урбанизмот. На семинарот се поканети да земат учество и сите производители на бетон.

 


Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“