28 Март, 2024
0.0267

ПроКредит Банка со награда за најеколошка компанија

Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Согласно јавниот конкурс на Град Скопје за општествено одговорни компании ПроКредит Банка АД Скопје беше избрана како најеколошка компанија која има успешна примена на интерни стандарди и придонес во зачувување на животната средина.

ПроКредит Банка континуирано имплементира мерки за намалување на негативното влијание кон животната средина преку интерно изграден Систем за управување со животна средина, сертифициран со ИСО 14001. Како дел од применетите мерки од страна на ПроКредит Банка може да се напоменат:

·  66% од возниот парк на банката се електрични/хибридни автомобили

·  полнач за електрични автомобили во дворот на Централната Управа достапен за бесплатна јавна употреба

·  сопствена фотонапонска централа за производство на електрична енергија

·  систем за селекција и рециклирање на отпад

·  употреба на геотермални и топлински пумпи за ладење и греење на Централната Управа

·  употреба на хартија која има сертификат за оддржливо шумарство и имплементација на дигитални потписи за секој вработен со цел намалување на потрошувачка на хартија

·  континуирана едукација за покренување на свесност за заштита на животната средина.

Покрај овие интерни мерки во работењето на банката, ПроКредит Банка се стреми и кон одговорно кредитирање и утврдување на ризик кон животната средина од инвестициите кои ги финансираат и промоција на еко кредитирање. Досега ПроКредит Банка има пласирано преку 80 милиони евра во кредити за обновниви избори на енергија, енергетска ефикасност и проекти за подобра животна средина.  Повеќе детали за еко стратегијата на ПроКредит Банка може да прочитате на следниов линк.

“Како компанија која стратешки имплементира мерки за намалување на негативното влијание кон животната средина за нас претставува чест и задоволство да бидеме пример на еколошка компанија. Се надеваме дека и останатите компании ќе го следат нашиот пример и ќе инвестираат во слични мерки.  Благодарни сме на град Скопје за оваа награда и планираме овие средства да ги инвестираме во дополнителни активности за подигнување на свеста кај населението за подобра грижа кон животната средина.”- изјави Методија Миноски, Раководител на одделот за  управување со животната средина во ПроКредит Банка.

Можеби ќе ве интересира

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери