29 Март, 2024
0.0261

Промени: Се намалува извозот кон Кина, а што го билда увозот од Грција и Казахстан

Објавено во: Економија 06 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Солиден раст на извозот, ама се зголемува и увозот на земјава. Народната банка во последниот квартален извештај нотира дека годишниот раст на извозот од безмалку 14 отсто најмногу се должи на активноста на новите странски капацитети. Сепак пораснал и увозот и тоа на годишно ниво за 12,6 отсто. За тоа најмногу придонело зголемувањетона увозот на железо и челик.Посилниот раст на увозот во однос на растот на извозот на стоки, во апсолутни износи, го зголемил и дефицитот во размената на стоки со странство за над 9 проценти. Во април и во мај извозот се зголемил. Ако се анализира по земји, поизразено намалување бележи извозот на железо и челик кон Кина. Значителен годишен раст пак, остварил увозот на железо и челик од Грција, како и увозот на природен гас од Казахстан.

ИЗВОЗОТ ГО БИЛДААТ СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ

„Активноста на новите странски капацитети е основен двигател на добрите извозни резултати, што се одразува со зголемен пласман на машини и транспортни уреди, на хемиски производи, како и на мебел на странските пазари. Во рамки на традиционалните извозни гранки, мала, но позитивна годишна промена оствари извозот на метална руда, облека и извозот на храна и пијалаци. Од друга страна, извозот на железо и челик бележи умерен годишен пад, којшто во целост се должи на пониските извозни цени, при зголемување на извезените количини“, стои во кварталниот извештај на НБМ.

Ако се анализира увозот пак најголем придонес кон годишниот раст на вкупниот увоз има увозот на интермедијарни производи.

„Покрај тоа, увозниот раст беше поттикнат и од повисокиот увоз на капитални добра и на производи наменети за лична потрошувачка, наспроти малку понискиот увоз на енергија. Од аспект на увозот наменет за лична потрошувачка, тој забележа умерен годишен раст, којшто го одразува зголемувањето кај сите компоненти, но пред сѐ стоките за широка потрошувачка. Гледано во целина, растот на увозот за лична потрошувачка во првиот квартал од 2018 година забрза во однос на претходниот квартал, но годишната промена и понатаму е умерена и не упатува на позначителни увозни притисоци“, нотира НБМ.

НЕГАТИВНО САЛДО СО КИНА, ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Сепак според последните расположливи податоци за надворешнотрговската размена во текот на април и мај 2018 година има посилен годишен раст на извозната во однос на увозната активност. Извозот на стоки се зголемил за 14,5 отсто на годишна основа, а увозот на стоки остварил поумерен годишен раст од 5,3 проценти. Пад на годишна основа забележа увозот на метали.

Инаку, анализата на надворешнотрговската размена според трговски партнери покажува дека и во првиот квартал од 2018 година, Европската Унија и натаму е нашиот најзначаен трговски партнер, остварувајќи го досега највисокото учество во вкупната трговија од 72,6 отсто. Од аспект на поодделните земји на страната на извозот, основен двигател на растот претставува извозот кон Германија, како пазар кон којшто во најголема мера е насочена извозната активност на новите капацитети во економијата. Исто така, позитивен придонес кон извозниот раст има и извозот на опрема и машини кон Австрија.

„Поизразено намалување бележи извозот на железо и челик кон Кина. Во поглед на увозот, најголем придонес има повисокиот увоз од Германија, од Велика Британија и од Италија, што го одразува суровинскиот увоз за потребите на новите индустриски капацитети. Значителен годишен раст оствари и увозот на железо и челик од Грција, како и увозот на природен гас од Казахстан. Анализирано од аспект на салдата, проширувањето на трговскиот дефицит најмногу произлегува од продлабочувањето на негативното салдо во размената со Кина, Велика Британија, Казахстан и Украина. Од друга страна, дојде до зголемување на трговскиот суфицит со Германија, како и намалување на дефицитот во размената со Јужноафриканската Република, стои во извештајот од НБМ.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?