Промени во врвот на Европа: Кој седи во директорските фотелји на фабриката за чоколади и вафли
Објавено во: Економија 18 Мај, 2021
Фабриката за чоколади, вафли и бонбони ЕВРОПА-Скопје извести дека на конститутивната седница на Одбор на директори, за Претседател на Одбор на директори била избрана Марија Каранфиловиќ, а за извршен член беше избрана Марика Караџова.
За генерален директор на друштвото е избрана Марика Караџова.
„Согласно член 34 став 1 алинеја 6 од Правилата за котација, АД ЕВРОПА Скопје известува дека од избраните членови во Одборот на директори, акции во друштвото поседува само Есамедин Хасани и тоа 20.963 обични акции или 8.2% од вкупниот број на акции. Останатите членови не поседуваат акции во друштвото, стои во соопштението од Европа.