19 Април, 2024
0.0263

Промоција на книгите „Шарени приказни“ и „Девојчиња и момчиња“ на поетесата Ана Бунтеска

Промоцијата ќе се одржи во кафе-барот „Шила" во Охрид, со почеток од 19 часот.

Објавено во: Мои пари 18 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Во рамки на активностите за збогатување на културна понуда и промоција на алтернативната арт-сцена во Охрид утревечер ќе се одржи промоција на двете нови детски книги „Шарените приказни” и „Девојчиња и момчиња” на македонската поетеса Ана Бунтеска.

Поетесата Бунтеска своето досегашно творештво го надградува овој пат со дела насочени кон најпребирливата публика и најкритичките читатели – децата.

– После три издадени книги за возрасни, голем предизвик и задоволство ми беше да „спакувам” нешто за оние кои доаѓаат после нас, оние за кои велам дека се помудри и почесни од Нас – големите деца. Мора да сум искрена и да кажам дека со голема трема излегувам пред нив, оти децата не знаат да глумат. Или ќе го прифатат она што им го давам или ќе останат индиферентни. Голема благодарност до мојата вечна инспирација, ќерка ми Аргентина и до сите оние кои овозможија во преубавиот Охрид да се одржи првата промоција на книгите „Шарени приказни” и „Девојчиња и момчиња” во издание на најголемата издавачка куќа за детска литература, „Просветно дело”. Оваа промоција нема да биде со акцент само на книгите, туку ќе ги промовираме и сите оние деца кои пишуваат и сакаат да го споделат тоа на настанот – изјави за МИА, авторката Бунтевска.

Ана Бунтеска е родена на 1972 година во Скопје. Дипломирала на Економскиот факултет во Скопје, а работи во Македонската берза. Има објавено три книги поезија: „Стави лајк на сопствениот живот” , „Колку е потребно за среќа” – наградена со „Македонска книжевна авангарда” и „Да му се насмееш на животот”. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Отсекогаш пишува за себе, а од 2014 година решава да го искористи Интернетот како медиум за споделување на нејзините стихови.

Промоцијата ќе се одржи во кафе-барот „Шила” во Охрид, со почеток од 19 часот. Организаторите на настанот ги повикуваат охриѓани да бидат дел од поетското дружење, активно да учествуваат со презентација на свои дела, да проговорат за инспирацијата што ги тера своите мисли, ставови, видувања да ги стават на хартија.

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ