29 Март, 2024
0.2452

Промовираме компании кои вложуваат во своите вработени

Објавено во: Економија 06 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Во серијалот „Промовираме компании кои вложуваат во своите вработени”, решивме денес ова да го направиме малку поинаку. Наместо интервју со раководителот, да ја прикажеме страната на оние кои се на почетокот на своето работно искуство и да споделиме колку едукацијата е всушност значајна и им помага на нив во работното место.

Љупчо Мадевски, работи во PowerAd , иновативна компанија за адвертајзинг и реклами во движење. Работната шанса ја добил поради својот ентузијазам и мотивираност, а едукацијата во неговото знаење му овозможува да даде придонес во маркетинг целите на оваа компанија. 

Мадевски за Вас знаеме дека сте еден од успешните студенти на Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub. Дали ќе можете да ни кажете нешто повеќе за Вас и вашата претходна кариера?

Мадевски: За мене можам да кажам дека сум личност со голем број цели и амбиции, a една од нив ми беше да работам во областа на маркетингот и односите со јавност. Со моите 18 години и недоволното искуство во овој сектор, шансите да си ја исполнам оваа цел во скоро време не беа на моја страна, се додека случајно не дознав за Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub. Пред да се запишам работев привремена сезонска работа во кафе бар, но во меѓувреме почнав да се запознавам со основите на маркетингот и односите со јавност.

Зошто одлучивте да ја смените вашата кариера?

Мадевски: Уште кога почнав да размислувам за мојата идна кариера, себеси се гледав во маркетинг и ПР секторот. Помислата да работам како маркетинг менаџер отсекогаш ме фасцинираше, поради тоа уште одамна почнав да се запознавам и да се едуцирам во врска со основите на овој сектор. Следен чекор во мојата едукација беше Академијата за дигитален маркетинг на која се запишав пред неколку месеци со моите 18 години, со цел да се стекнам со потребните вештини и што побрзо да почнам да ја градам својата кариера во маркетинг секторот.

Првите предмети на Академијата се Facebook Ads и Email marketing, така што веднаш по започнувањето на Академијата Вие добивте можност за работа во PowerAd, каде што една од задачите ви беше да работите на целосна дигитален маркетинг стратегија за PowerAd Нигерија и каде што сте сеуште.  Кажете ни нешто повеќе за ова.

Мадевски: Откако почнав со Академијата, се запознав со Петар, извршниот директор на PowerАd, ги препозна моите квалитети и ми даде шанса уште пред да ја завршам Академијата да бидам дел од една иновативна компанија со ветувачки успеси. Мојата задача како дел од тимот на PowerAd е, како што рековте, да работам на имплементација на целосна дигитална маркетинг стратегија.

Кое е вашето досегашно искуство од Академијата и како успевате да ги слушате нашите предавања, со оглед на тоа што сте од Струмица и ја посетувате Академијата онлајн?

Мадевски: Од моето досегашно искуство, можам да кажам дека сум презадоволен од Академијата и целиот тим на Creative Hub. Предавачите, како експерти и професионалци во нивната област ни ги пренесуваат најновите трендови, вештини и знаења неопходни за да започнеме сопствена кариера и да ги надоградиме нашите знаења. Иако наставата ја посетувам онлајн, поради тоа што сум од Струмица, а и поради моменталната состојба, часовите ми се достапни во секое време. Голема предност е поддршката од предавачите и тимот на Creative Hub кои се достапни во секое време за сите прашања поврзани со предавањата и практичната работа.


Можеби ќе ве интересира

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра