24 Април, 2024
0.5201

ПРЕТСТАВЕНА „ИДНИНАТА НА БЕЗБЕДНОСТА“ ВО МАКЕДОНИЈА

Промовиран најпродаваниот и најсигурен автомобил - Volvo XC60

Објавено во: Мои пари 12 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Најпродаваниот SUV модел Volvo XC60, денес, беше промовиран пред македонската публика и пред љубителите на автомобили.

„Сé што правиме во Волво започнува со луѓето. Безбедноста, сигурноста и грижата за околината се цврсто во ДНК-то на овој бренд. Го претставуваме моделот XC60 кој е израз на она за што се залага и претставува Volvo – „Иднината на безбедноста“. Овој модел е од особена важност, бидејќи се покажа како најпосакуван автомобил. Создаден е со идејата да ги заштити сите патници во него, но и сите во непосредна близина“, рече Дритон Заири, генерален директор на Ми-Да Гранд Моторс Скопје.

Втората генерација на VOLVOXC60 е опремена со најнапредниот пакет на сигурносни функции кои овозможуваат возачот да има доминантен поглед на патот во преубаво опремена и мирна кабина.

„Кога на технологиите кои ги содржи ќе го додадеме безвременскиот дизајн, станува јасно дека новото XC60 е синоним за сигурно, инспиративно и исклучително безбедно возило“, додаде Заири.

Според Златко Павловски, продукт менаџер на брендот Volvo, новиот модел е подолг, поширок, понизок и со поголемо меѓуоскино растојание од неговиот претходник.

„XC60 ке биде достапен со три нивоа на опрема: богатиот Momentum, луксузниот Inscription и спортскиот R-Design. Предниот изглед на возилото е со препознатливите фул лед светла во знакот на ТОР и поголема предна решетка со алуминиумска рамка. Алуминиумските фелни се нудат во размер од 18 до 22” во повеќе уникатни дизајни. Прекрасните задни стоп светла даваат автентичен изглед на возилото во ноќта и исто така, се фул лед. Багажникот се отвора на електрика, односно може да се отвори со еднократно поминување со ногата под задниот браник или преку далечинскиот клуч.  Врвен интиуитивен аудио систем Bowers & Willkins и возна динамика која е едноставно најдобра во оваа класа“, објасни Павловски.

Според него, кога ќе влезете во возилото, имате чувство на поголема пространост и комодитет, што е резултат на специјално дизајнираните потенки удобни електрични седишта.

„Со цел градското возење да се направи полесно, покрај предните и задните паркинг сензори, возилото има и 4 камери, една позади, една напред и две од страните кои создаваат слика од птичја перспектива и го олеснуваат паркирањето на тесен простор. Доколку излегувате од паркинг простор и не забележите дека наидува возило, системот за CrossTrafficAlert ќе Ве предупреди. XC60 е поставен на новата СПА платформа, во опција се стандарно подвозје, спортско и воздушна суспензија со активни амортизери кои се приспособуваат на начинот на возење кој ќе го одберете - еко, комфорт, динамик и офроуд“, заврши Павловски.

Volvo XC60 ќе биде придвижуван со различни мотори: два дизел, два бензиски и еден Хибрид Плуг Ин. Дизелите се со ознаки D4 и D5, двата се 2,000 кубни центиметри. D4 е 190кс а D5 е 235 кс. Бензинците се со ознаки Т5 и Т6, исто така 2,000 кубни центиметри, Т5 е со 254кс а Т6 со 320кс. И Хибридниот Плуг Ин е комбинација од бензинскиот Т6 мотор и електромотор од 87 кс, вкупно на располагање имате 407 коњски сили. Со едно полнење на батеријата од 3 часа, автономно на струја, може да поминете околу 40км. Со овој мотор може да одберете тивко возење, само на струја низ град или да излезете надвор од градот и да ја искористите максималната моќ. Со промовирање на новиот модел, има и промотивна цена од 52,990 евра за D4 моторот со високо ниво на опрема.

Интересен факт е тоа што промоцијата на Volvo XC 60, за прв пат во Македонија, се пренесуваше во живо (life streaming) преку социјалната мрежа Facebook. Повелете линк:

https://www.facebook.com/volvocarsmk/videos/1103917786409497/

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка