23 Април, 2024
0.0283

Промовирана „Патека од кикиритки“ од Ана Аврамоска Сиљаноска во „Литература.мк“

Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Новата книгата за деца „Патека од кикиритки“ од авторката Ана Аврамоска Сиљаноска, беше промовирана вчеравечер (28 ноември) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Промоцијата беше проследена со читање на неколку раскази и дискусија со публиката.

Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 14 куси раскази наменети за деца од претшколска и рана школска возраст.
– Многу се радувам на „Патека од кикиритки“, која е мое прво објавено дело, особено ми е драго што е книга за деца. Тие се најблагородната и најблагодарна публика, но истовремено и најострите критичари. Се надевам дека книгата ќе го издржи тестот на времето и дека во расказите ќе уживаат и децата и возрасните. Главната инспирација за книгата ми беа Тара и Јан, две златокоси сонциња – едното во здолниште, другото во панталончиња. Пишувањето за мене е еден од многуте начини на кои некој, што има творечки порив, може да се изрази. Пишувам од мала, но тоа ретко кога било насочено, плански и системски. Но, овој пат, со „Патека од кикиритки“, целта беше јасна – и на најмладите и на повозрасните уживатели во пишаниот збор да им се понудат приказни во кои тие истовремено и ќе уживаат и ќе најдат некаква смисла која ќе поттикне некоја од доблестите својствени за нас луѓето, но кои, за жал, како сè почесто да ги „ставаме под тепих“ – изјави Аврамоска Сиљаноска на промоцијата.

Приказните во оваа книга се случуваат во едно мало скришно и магично место за кое не чул речиси никој, а уште помалку се оние што го имат видено. Тоа место се вика Омвил. Омвил е колку обичен – толку необичен. Колку е стварен – толку измислен. Во Омвил и во неговата околина – и на сонце и под сенка – но и зад секоја врата, во секоја соба, во секое ќоше, има по некоја чудна приказна...

Во освртот кон книгата , рецензентот Томислав Османли истакнува:
„Омвил е едно селце во кое сè е шаренолико и благородно раздвижено, каде што децата, миленичињата, милните ликови на виталните баби и дедовци, лекарите и директорите на училишта со необични и слатко откачени имиња, целиот тој радосно анимиран жив и само условно нежив свет, постојат во хармонијата на топлата имагинација на авторката. Омвил е место на слатки парадокси; тој е ’најсончевата точка на Земјината топка‘, каде што ’сонцето си сјае и си грее дури и кога врне‘). Тој е имагинарен простор во којшто дури и градот Сивоград носи значења на модерен и непримерен, а сепак омилен простор, којшто, како впрочем и сè во оваа детска збирка на разиграни фантазии, подлежи на поправање и на подобрување. Така, во Омвил пред сè живее добрата надеж.“

Ана Аврамоска Сиљаноска е родена 1989 година во Кичево. Покрај формалното образование, уште од најрана возраст покажува наклоност кон уметничкото изразување низ многу различни медиуми, а најмногу низ визуелните и наративните. Зад себе има неколку групни и четири самостојни изложби на уметнички фотографии во земјата и во странство и бројни мултидисциплинарни соработки со многу уметници ширум светот во најразлични визуелни формати. „Патека од кикиритки“ е прва нејзина самостојна книга.

Книгата „Патека од кикиритки“ е достапна во книжарниците „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40, а може да се нарача и онлајн на www.literatura.mk.

Можеби ќе ве интересира

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

IQOS караванот пристигна во Струга

IQOS караванот пристигна во Струга

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА