27 Септември, 2024
0.0256

Промовирани електрични возила за ЈП „Комунална хигиена“

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и директорот на ЈП „Комуналана хигиена“, Ракип Дочи, денеска /08.02.2016 година, понеделник, на плоштадот Македонија ги промовираа  возилата на електричен погон на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Promocija na elektricni vozila za KH 2016 (2)

- Градот Скопје го продолжува проектот за електромобилност и на него се приклучуваат и јавните претпријатија на Градот кои со набавката на овие електрични возила ќе придонесат граѓаните на Скопје да дишат почист воздух. Денеска ги промовираме возилата на електричен погон на ЈП „Комунална хигиена“, кое е меѓу првите јавни претпријатија кои набавија вакви возила, коишто ќе се користат за чистење, миење и полирање на мермерните плочки на плоштад Македонија, како и за чистење на другите плоштади и пешачките зони во центаралното градско подрачје.  ЈП „Комунална хигиена“ набави две возила на електричен погон- метлачки „Еурека“, едно возило метлачка на електричен погон со моќ на моторите 5-6 kw и едно специјално комунално возило за собирање и транспортирање комунален отпад  од садови со капацитет од 120 литри – ѓубретарка, за коишто издвои околу 13, 5 милиони денари. Претходно и ЈП„Градски паркинг“ набави 7 електромобили со ретро дизајн,  5 елекротротинети, 10 електровелосипеди и уште пет електромобили. Исто така и Градот Скопје набави едно возило на електричен погон, 5 електроскутери и 5 електровелосипеди коишто ги користат врабените во градската администрација. Сакам да потенцирам дека сите јавни претпријатија во своите буџети за 2016 година имаат планирано средства за набавка на возила на електричен погон кој ќе ги користи нивната администрација – истакна градоначалникот Трајановски.

Директорот на ЈП „Комуналана хигиена“, Ракип Дочи, посочи дека овие возила се лесни за ракување, не создаваат бучава и не го загадуваат воздухот, што е многу значајно затоа што ќе се користат во делови она  градот каде што има голема фреквенција на пешаци.

Двете возила на електричен погон- метлачки „Еурека“ се  од италијанско производство и се користат за одржување на хигиената на плоштадот Македонија и за другите плоштади, како и за пешачките зони во центаралното градско подрачје. Една метлачка може да исчисти 8.500 квадратни метри за еден час, а брзината на движење е од 4 до  8 километри на час. За набавка на двете возила на електричен погон ЈП „Комунална хигиена“  потроши  5.750. 000 денари (без ДДВ).

Едното возило-метлачка е со моќ на моторите 5-6 kw, во континуирана работа и напојување на батерии од 48V. За набавка на ова возило на електричен погон ЈП „Комунална хигиена“ потроши 3.410.000 денари (без ДДВ).

Promocija na elektricni vozila za KH 2016 (1)

Специјално комунално возило за собирање и транспортирање комунален отпад од садови со капацитет од 120 литри – ѓубретарка со АC електричен мотор со максимална моќност 14 kw, со моќност на батерии од минимум 8,7 kw. Со едно полнење на батеријата возилото може да работи 9 часа.

За набавка на ова возило на електричен погон ЈП „Комунална хигиена“ потроши  4.289.000 денари (без ДДВ).

ЈП „Комуналана хигиена“ се подготвува да набави и три електромопеди – два од 2,5 kw и еден од 1,2 kw, кој ќе ги користат вработените на ова јавно претпријатие.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања