19 Април, 2024
0.0274

ПРОНАЈДЕНА ИСЧЕЗНАТАТА НИНА (5) ОД КЛАДОВО! Дроновите го снимиле девојчето на игралиште на 5 километри од градинката

Објавено во: Балкан 21 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

По повеќе од седум часа потрага пронајдено е петгодишното девојче Нина А од Кладово. Српските медиуми јавуваат дека исчезнатото девојче било снимено со приватен дрон на напуштено игралиште на пет километри од градинката од која исчезнала утрово околу 10 часот.

Цело Кладово речиси осум часа го бараше девојчето. Во потрагата цело време биле ангажирани два дрона.

Фактор веќе ја пренесе изјавата од мајката на исчезнатото девојче Сања Анѓелиќ која укажала дека утрово кога ја оставила во градинка, немало индикации за можни проблеми.

Ја однесов утрово во градинка и се беше нормално. Таа беше облечена во светло розова јакна. Околу 10 часот ми се јавија наставниците. Бев на работа. Ми кажаа дека моето дете го нема. Нејзината група деца биле во дворот и кога влегле внатре, наставниците утврдиле дека моето дете го нема. Во паника се упатив кон градинката. Оттогаш го пребаравме цело Кладово и ништо - низ солзи раскажува вознемирената мајка.

Нина наскоро ќе наполни пет години, но според нејзината мајка, девојчето слабо комуницира. Дворот на градинката е ограден, но не и заклучен.

Девојчето наводно било забележано од дрон на напуштено игралиште. Детето веднаш било префрлено на Итната помош при Здравствен дом Кладово. Лекарите на оваа служба се ангажирани да му направат детални прегледи на девојчето.

Веста донесе олеснување кај жителите на Кладово кои со часови се на терен. По девојчето се трагеше скоро осум часа, а во потрагата покрај полицијата биле вклучени таксисти, спортисти, планинари, претставници на локалната самоуправа и на сите јавни институции на територијата на општина Кладово, како и голем број граѓани.

- Ги алармиравме сите служби и три дронови беа постојано во воздух. Го испитавме секој агол и го чешлавме целиот град. Благодарни сме на сите што се вклучија во потрагата за пронаоѓање на детето - вели Бојан Божаниќ, заменик градоначалник на општина Кладово.

Фото: Курир.рс

Можеби ќе ве интересира

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати