20 Април, 2024
0.0258

Пронајдена подморницата „со која Хитлер избегал во Јужна Америка“

Објавено во: Стил 19 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Германска подморница, за која досега се шпекулираше дека со неа фирерот Адолф Хитлер пребегал во Јужна Америка, е пронајдена по 73 години, во близина на данскиот брег.

Се работи за U-3523, која припаѓа на класата XXI, а е една од првите подморници дизајнирани за продолжен престој под вода. Нејзиниот домет и овозможувал непрекината пловидба до Јужна Америка.

Подморницата ја потопи британскиот бомбардер В-24 на 6-ти мај во 1945 година, истиот ден кога сојузниците ја ослободија Данска од нацистичката окупација. Тогаш загинаа сите 58 членови на екипажот.

Сепак, неможноста подморницата да биде пронајдена, поттикна бројни гласини во изминатите децении, вклучувајќи ја и таа дека Хитлер ја искористил за бегство во Јужна Америка.

Истражувачите сепак велат дека не постојат докази оти било кој нацистички лидер се наоѓал во подморницата.

U-3523 била пронајдена недалеку од Скаген, најсеверниот дански град, на 15 километри оддалеченост од позицијата што ја означил британскиот бомбардер.

Подморницата во моментот на потопувањето се движела кон Норвешка.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган