Пронајдено тело на мртва тинејџерка во Сибир
Објавено во: Свет 16 Мај, 2018
Кобно заврши животот на една млада студентка.
Ангелина Литвиненко (18) најдена е мртва со отсечени дланки во Сибир откако влегла во автомобил на поранешен осуденик за убиство, чиј оглас го нашла на популарна апликација за превоз БлаБлаКар.
Руската полиција објави фотографија од сопственикот на возилото Н.В. Лебедев (47), кој бил осуден за двојно убиство, но и ослободен по 15 години робија.
Лебедев, во меѓувреме, повикал полиција. Рекол дека не ја убил тинејџерката и дека ќе поднесе соодветни докази, јавија медиумите. Но, во бегство е и во Сибир трае голема потера по него.
Девојката влегла во неговиот авотомобил за да се одвезе до селото Краснотуранск, што било одалечено 120 километри, каде што живеат нејзините родителите. На мајка ѝ и се јавила по пат, но никогаш не стигнала дома.
Несреќата се случила во март.