24 Април, 2024
0.0453

Пронајди и резервирај летови брзо и едноставно на Petal Search

Објавено во: Мои пари 27 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Huawei склучи договор за соработка со Skyscanner, водечкиот пазар за летови, за да обезбеди брз пристап до цените и опциите за патување

Huawei, водечката светска технолошка компанија, им овозможува на своите корисници пристап до илјадници опции за летови, хотели и изнајмување автомобили преку својот пребарувач Petal Search, откако склучи договор за соработка со Skyscanner, обезбедувач на глобални информации за патувања.

Пребарувањето на повеќе локации за да се најде соодветен хотел и да се направат аранжмани за патување е минато сега кога Petal Search се здружува со меѓународниот експерт за патувања Skyscanner. Ова ќе го направи пребарувањето брзо и лесно, овозможувајќи им на корисниците да споредат повеќе опции пред да бидат автоматски насочени на местата за резервации.

Petal Search, исто така, ќе ги подобри плановите за патување со обезбедување уникатни препораки и функции, истакнувајќи ги понудите што ќе им помогнат на потрошувачите да создадат незаборавни патувања. До каналот за патување може да се пристапи не само преку мобилната апликација Petal Search, туку и на веб-верзијата на Petal Search, HUAWEI Assistant, или со лизгање надолу на телефонот Huawei за да се пристапи до делот за пребарување.

Соња Балсер, директорка за маркетинг во Skyscanner изјави: „Со задоволство ја нудименашата моќна услуга за пронаоѓање летови на корисниците на Huawei со интегрирање на нашата апликација со Petal Search. Постојат милиони комбинации на летови до дестинации ширум светот по високо конкурентни цени, а корисниците ќе имаат лесен и едноставен пристап до нив“.

Како што се укинуваат ограничувањата за патување, резервациите за одмор секојдневно се зголемуваат. Податоците од неодамнешните истражувања нарачани од Skyscanner откриваат дека 86% од патниците планираат да потрошат повеќе или исто за патувања отколку пред пандемијата, односно половина од нив се одлучиле да трошат повеќе. И побарувачката за патувања силно се враќа во многу региони ширум светот, со глобалниот обем на пребарување зголемен за 20% месечно во март во споредба со февруари.

„Како што туризмот расте и довербата на потрошувачите исто, мислиме дека ова е совршено време да ги охрабриме нашите корисници да се опуштат. Сакаме да ги поддржиме авантуристичките размислувања преку партнерство со брендови за патување и пребарување за да помогнеме и да го направиме Petal Search ефикасен и сигурен партнер за патување“, вели Хаиме Гонзало, потпретседател на Huawei Mobile Service Europe.

ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка