Пропадна дел од улица на Водно
Објавено во: Македонија 22 Март, 2018
Уште еден одрон на земјиште се случи на Водно во населбата Пржино при што дојде до поголеми материјални штети, а пропадна дел од улицата „Пандо Клјашев“.
Одронот е поради градежни работи за станбен објект на една од парцелите под патот.
Инвеститор и изведувач на градежните работи е „Хантерс - Скопје“, со одобрение за градба УП. бр. 13-378 од 16.01.2018 година.