20 Април, 2024
0.0293

Пропадна најстарата туристичка агенција во светот, 600.000 туристи останаа заглавени

Објавено во: Финансии 23 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Томас Кук, најстарата светска туристичка агенција,објави крај на своето работење поради огромните долгови и стотици илјади туристи се најдоа заглавени во странски земји, бидејќи нивните хотели и летови не беа платени.

Главниот извршен директор на компанијата, Питер Фанкхаузер, рече дека жали што бизнисот пропаднал откако не успеале да позајмат средства за деловна помош.

Британскиот орган за цивилно воздухопловство (ЦАА) објави дека ќе работи со владата за да донесе повеќе од 150.000 британски туристи дома во следните две недели.

„Би сакал да им се извинам на милиони наши клиенти и илјадници вработени, добавувачи и партнери кои не поддржуваа многу години“, рече Франкхаузер.

Владата и регулаторот за воздухопловство најавија дека ќе има некои пречки бидејќи станува збор за голема криза.

„Томас Кук ја замрзна својата работа и сите негови летови се откажани“, наведува ЦАА.

Станува збор за една од најстарите британски компании што започна да работи во 1841 година и преживеа две светски војни. Тоа беше првата агенција во Европа што понуди аранжмани за патувања.

Компанијата сега има хотели, одморалишта и авиокомпании кои ги користат 19 милиони луѓе годишно во 16 земји. 600.000 луѓе во моментов се во странство, поради што нивните влади и осигурителни компании треба да изготват план да ги вратат дома.

Томас Кук се обрати до Високиот суд во Лондон, откако преговорите за дополнително финансирање пропаднаа поради огромните долгови од 2,1 милијарди долари.

Компанијата соопшти дека бара 250 милиони американски долари за да се избегне банкрот, и беше во преговори со акционерите и доверителите.

Томас Кук се соочи со конкуренција на Интернет, променливиот пазар и геополитички настани што влијаеја на летната сезона. Минатогодишниот топлотен удар во Европа, исто така, влијаеше на бизнисот, при што клиентите ги откажаа аранжманите.

Туристите сега се заглавени во странски земји затоа што нивните хотели не се платени, на локации како Гамбија и Грција.

На долг рок, колапсот на компанијата би можел да ги погоди економиите на Шпанија и Турција, кои се нејзините најголеми дестинации, и да остави добавувачи на гориво без пари и да предизвика стотици туристички агенти да ги загубат своите работни места во Велика Британија.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин