29 Март, 2024
0.0273

Просечна плата и трошоци за живот: Како е да се живее во Австралија?

Објавено во: Стил 19 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Со своите природни богатства, топла клима и преубави плажи, Австралија спаѓа во 10 најсреќни места за живот. Иако е многу оддалечена, секогаш е примамлива дестинација како за туристи, така и за оние кои сакаат да студираат и работат во странство. Австралија исто така е земја со многу висок стандард, дури 142.73% повисок откај нас. Ви пренесуваме неколку просечни трошоци за живот во Австралија според последни истражувања.

Храна и пијалок

Според статистики, просечната плата во Австралија е 1.516AU$ на неделно ниво (извор Australian Bureau of Statistics), каде 30.9% одат на храна и пијалоци. Цените варираат во зависност од градот или државата. Мелбурн, Сиднеј и Перт се најскапи градови во Австралија, каде на неделно ниво само за храна се потребни од 100 до 280AU$. Во маркет литар млеко може да се купи и за 1AU$, овошје и зеленчук по килограм чини од 2 до 5AU$, додека леб е околу 3.50AU$. Австралијанци советуваат да се купува во маркети на месечно ниво кога се попустите, бидејќи на тој начин може да се заштеди дури до 50%. 

Оброк за двајца во синџири за брза храна, изнесува 18AU$,  додека ручек за двајца во некој просечен ресторан изнесува од 60 до 110AU$. Цените на алкохолни пијалоци се разликуваат во зависност дали се домашни или увозни и каде се продаваат. Така пиво во маркет може да се купи за 3AU$, додека некаде може да се најде и за дури 12AU$. Цената на кафе во ресторан или кафе бар е околу 4AU$.

Станарина

Цените на станови и сметки исто така варираат во зависност од држава и град. Од плата во Австралија според статистички податоци од оваа година, за станарина одат 32%. Цените на сметки, кои вклучуваат еднособен стан, греење, комуналии и интернет изнесуваат помеѓу 35 и 200AU$ неделно. Месечна кирија за еднособен стан надвор од центарот на градот во просек е 1.300 AU$. Цената на квадратен метар за купување на стан се движи од 3000 па до 12 000AU$, зависно од локацијата.

Превоз 

За превоз се потребни од 15 до 55AU$  неделно. Картата за возење по градскиот сообраќај во една насока чини просечно 4AU$. Што се однесува до такси, стартот се движи од 4AU$ по обична тарифа, па така саат време возење е некаде околу  50AU$. Литар бензин чини максимално 1.36AU$, а за купување просечен автомобил е потребно помеѓу 20.000 и 28.000AU$.