Просечната плата во март надмина 30 илјади денари

Објавено во: Финансии 20 Мај, 2022
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2022 година, изнесува 31.080 денари. Ова го објави Државниот завод за статистика, од каде беше наведено дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2022 година, во однос на март 2021 година, изнесува 110.1.
- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4 отсто), Уметност, забава и рекреација (20,2 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,5 отсто) - пишува во соопштението на ДЗС.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,9 отсто), Рударство и вадење на камен (13,5 проценти) и Преработувачка индустрија (7,1 отсто).
Можеби ќе ве интересира
ХАЈРЕДИНИ: НОВИТЕ ПОЗАЈАМИЦИ СЕ КОРИСТАТ ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА СТАРИ КРЕДИТИ, не остануваат средства за развојни инвестиции

БЕСКАМАТНИТЕ КРЕДИТИ СТИГААТ ЗА НАПЛАТА, ДЕЛ ОД ФИРМИТЕ „ПАМЕТ НЕМААТ“ КАКО ЌЕ ВРАЌААТ - ако сакаат ново пролонгирање, бизнисмените да се обратат до коморите

ЈАВНИОТ ДОЛГ ГОДИНАВА ЌЕ НАДМИНЕ 65 ОТСТО, проекциите во стратегијата предвидуваат негово намалување во 2027 година

ВРАЗУМЕТЕ СЕ - УНГАРИЈА ЈА ПРЕДУПРЕДУВА ЕУ: Тврдат дека постои само една шанса да се избегне рецесија, а Путин не може да се победи

ЕДНА ПЛАТА НА КОМПЈУТЕРЏИЈА РЕЧИСИ КОЛКУ ПЕТ НАЈНИСКИ, просечната плата не е вистински приказ на платите во земјава

ШПАРКАСЕ БАНКА ПРОДАВА СОПСТВЕНИ АКЦИИ ПРЕКУ ЈАВНА ПОНУДА - се бара сума од 76 илјади евра

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ДОСТИГНА 31.525 ДЕНАРИ, статистика повторно регистрираше раст

ГРАЃАНИТЕ НИКАКО ДА СЕ СМИРАТ, ПОВТОРНО ПРЕТВОРАЛЕ ДЕНАРСКИ ЗАШТЕДИ ВО ДЕВИЗИ - во мај намалување за седум милиони евра

ПОРАНЕШНАТА ДИРЕКТОРКА НА „ЕВРОПА“, САВА ДИМИТРОВА, КУПИ 100 АКЦИИ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА - вредат 19 илјади евра
