24 Април, 2024
0.0321

ИНТЕРВЈУ ФИЛИП СТОЈКОВСКИ ТИНК-ТЕНК АНАЛИТИКА

ПРОСТОР ЗА ИМПРОВИЗАЦИЈА ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АКЦИСКИОТ ПЛАН 3-6-9 НЕМА, ВЛАСТА ЌЕ СЕ СООЧИ СО ОПСТРУКЦИИ

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Македонската Влада при реализацијата на реформскиот патоказ 3-6-9  ќе се соочи со одредени потешкотии, во форма на опструкции од опозицијата и нивни кадри, и прашање е дали ќе има доволно капацитет за целосно да ги надмине истите. Нема да биде лесно да се воведат правилни и детални промени во области како судството, надзорот врз разузнавачките служби и сл.

„Мислам дека е поважно да се работи квалитетно за да се донесат суштински промени коишто би останале долгорочно, без притоа процесот да се избрзува со цел добивање политички кредибилитет или поени“,  ова се само дел од размислувањата  на Филип Стојковски од тинк-тенк организацијата Аналитика. Според него, кај европските лидери повторно се засилил интересот за стабилност на земјите од Западен Балкан, поради се поприсутната опасна реторика од лидерите во регионот, како и зголемениот руски интерес за Балканот.

Стојковски кој е истражувач за безбедносни прашања оценува дека  приоритет треба да биде обезбедување на кредибилен и ефективен систем на надворешен надзор на безбедносните институции.

„Ова може да се стори преку засилување на капацитетите на парламентарната Комисија за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање како и на Комисијата за надзор на спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите“, објаснува Стојковски од Аналитика.

Разговараше Горазд Чомовски

Фактор: Дали со акцискиот план 3-6-9 може да се исполнат итните реформски приоритети за така краток рок и наесен земјата да добие безусловна препорака за почеток на преговори со ЕУ што е и глава цел на Владата?

Стојковски: Акцискиот план 3-6-9 би требало да претставува добар првичен чекор за исполнување на реформските приоритети, но останува да се види колку навистина од предвиденото ќе се реализира. Истиот план сѐ уште не е ни јавно достапен. Сепак, и да е планот беспрекорен, и да се реализира секоја подточка во него сметам дека тоа не би било единствена и главна причина поради која Македонија би добила безусловна препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Според мене тоа повеќе би се должело на промената на целокупната стратегија на ЕУ во однос на земјите од Западниот Балкан, кадешто се очекува ЕУ да биде поинволвирана со цел да се работи на долгорочна стабилност во регионот што е воедно и стратешки интерес на ЕУ.

Фактор: На реформскиот пат Владата доби помош од експертската група на Рајнхард Прибе, која точно пред две години во посебен Извештај ги утврди значајните недостатоци во пет клучни сфери, а нивното отстранување стана обврска од Пржинскиот договор. Кога според Вас би можело да се покажат првите конкретни резултати ако се земе во предвид дека обврските се обемни ?

Стојковски:  Мислам дека е поважно да се работи квалитетно за да се донесат суштински промени коишто би останале долгорочно, без притоа процесот да се избрзува со цел добивање политички кредибилитет или поени. Премногу често во Македонија се случува да реформи и промени се носат без притоа да се направат соодветни истражувања како студија на случај и анализиа на политика, кои би помогнале да се избере вистинското решение/модел, а не да се импровизира.

Фактор: Може ли да се обезбеди широк политички и оптествен консензус за исполнување и имплемнатација на задачите кои се нотирани во извештајот на Прибе?

Стојковски: Владата сигурно ќе се соочи со одредени потешкотии во целиот процес, во форма на обструкции од опозицијата и нивни кадри, и прашање е дали ќе има доволно капацитет за целосно да ги надмине истите. Нема да биде лесно да се воведат правилни и детални промени во области како судството, надзорот врз разузнавачките служби, но истото е повеќе од потребно.

Фактор: Од каде одеднаш голем интерес кај европските лидери за земјите регионот и  нивното се погласно залагање за побрза интеграција ЕУ?

Стојковски: На ЕУ од секогаш стабилноста на земјите од регионот и била стратешки приоритет, но може да се каже дека на момент беа дефокусирани поради неколку други кризи со коишто се соочија како што беа големата финансиска криза, конфилктот во Украина, растот на популизмот во земјите членки на ЕУ итн. Но, откако стана помирно на тие неколку фронтови, кај европските лидери повторно се засили интересот за стабилност на земјите од Западниот Балкан, особено со оглед на се поприсутната опасна реторика од лидерите во регионот, како и зголемениот руски интерес за регионот.

Фактор: Постојат ли сѐ уште безбедноносен ризици врз Блканот и колку отворените прашања меѓу земјите, евентулано новиот мигрантски бран може да може да ја доведе под знак прашање стабилноста на регионот?

Стојковски: Безбедносни предизвици секако дека постојат. Националистичка реторика користена од политички елити во регионот воопшто не е наивна и не треба да се дозволи истата да доведе до дестабилизација. Дополнителен безбедносен предизвик претставува и насилниот екстремизам, кој во изминатите неколку години особено се манифестираше преку ‘странските борци’ од кои голем дел се веќе вратени и за кои не постојат соодветни програми за ресоцијализација. Во исто време не се обврнува доволно внимание на превенција од радикализација на младите.

Фактор: Консолидација на безбедносниот систем во Република Македонија се најави како „систем кој треба да функционира независно од тоа кои лица управуваат со безбедносните институции“. Од каде треба да започна реформите во полицијата и безбедносните служби?

Стојковски: Приоритет треба да биде обезбедување на кредибилен, и ефективен систем на надворешен надзор на безбедносните институции. Ова може да се стори преку засилување на капацитетите на парламентарната Комисија за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање како и на Комисијата за надзор на спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите. На овие комисии им се потребни адекватни финансиски, човекови и технички ресурси; како и јасно дефинирање на нивните мандати. Дополнително треба се создаде надворешен механизам за надзор на работата на полицијата за коешто има неколку можни опции; како што се: создавање на независно тело за надзор, или создавање на посебно одделение во рамките на институцијата Народен правобранител.

Фактор: Поминаа повеќе од два месеци од крвавиот четврток на 27. Дали станува збор за пропуст на полицијата или добро испланиран  и координиран инцидент? Нели ви изгледа индикативно што Обвинителство сѐ уште ги нема повикано на распит луѓето оние кои учестуваа во насилството на 27 април во Собранието  меѓу кои имаше и пратеници од ВМРО ДПМНЕ?

Стојковски: Важно е да се направи една темелна независна истрага која точно ќе ги утврди причините поради кои дојде до таков немил настан. Доколку се покаже дека има инволвираност од страна на структури во МВР, истите секако треба да подлежат на кривична одговорност. Доколку пак се утврди дека станува збор за пропуст треба да се утврди како е дојден до тој пропуст и во што поскоро време да се корегираат грешките со цел избегнување на слични сценарија во иднина.

Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат