20 Април, 2024
0.0283

ПРОТЕКОА ДЕТАЛИ ОД ТАЈНИ РАЗГОВОРИ: Откриено како Британија ја надмудри ЕУ во војната со вакцините против Ковид-19

Објавено во: Свет 02 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Објавени се деталите за тајните договори на британската влада со АстраЗенека, во кои се вклучени и Австралија и Индија. Британските власти тајно дозволија извоз на вакцината АстраЗенека во Австралија, а за возврат добија милиони дози вакцини од истата компанија од Индија.

Неколку извори на „Дејли телеграф“ наведуваат дека „АстраЗенека“ - британско-шведска фармацевтска компанија - добила можност да ги искористи своите производствени капацитети за да произведе најмалку 717.000 дози вакцини наменети за Австралија.

Најмалку две испораки беа извршени во февруари и март, во време кога Брисел ги засилуваше контролите врз производителите на вакцини и бараше од Лондон да распредели дел од своите залихи за да го надомести недостигот на дози на „АстраЗенека“ во ЕУ, која тогаш се соочуваше со огромно доцнење на испорака на договорените количини.

Британската влада ги отфрли ваквите барања, а компанијата тврди дека договорот што го потпишале со Британците содржи клаузула што ги спречува понатаму да ја дистрибуираат вакцината произведена во Велика Британија.

Во исто време, Брисел инсистираше на тоа дека во договорите на ЕУ со „АстраЗенека“ експлицитно стои дека дозите произведени во британските погони, исто така, мора да дојдат во Унијата.

И покрај тоа, според „Дејли Телеграф“, „АстраЗенека“ добила тајно одобрение од британските власти за извоз на вакцината во Австралија наместо во ЕУ. Во замена за оваа „услуга“, Британците добија пристап до околу десет милиони дози вакцини произведени од Индискиот серумски институт, најголемиот светски производител на вакцини што произведува големи дози за АстраЗенека.

Весникот наведува дека Британија ја сметала оваа ситуација за идеално решение бидејќи компанијата се обврзала да компензира за евентуален недостиг на вакцини, а Австралија, која е еден од најголемите британски сојузници, ја доби потребната вакцина.

Велика Британија нарача околу 100 милиони дози на AстраЗенека, а околу пет милиони дози пристигнаа од Индија во март. Но, сега се поставува прашањето дали ќе продолжи снабдувањето со вакцини од Индија, имајќи предвид дека таа земја е буквално под опсада од корона вирусот и бележи повеќе од 400.000 новоинфицирани лица секој ден.

„Дејли Телеграф“ наведува дека не е познато дали Австралија е единствената земја во светот што профитирала од ваков вид на договори со Велика Британија, додавајќи дека двете земји одбиваат официјално да ја коментираат приказната.

Британскиот премиер Борис Џонсон потврди дека Лондон е подготвен да ги распредели своите вишоци вакцини со програмата Ковакс, која испраќа залихи на вакцини во сиромашните земји.

Велика Британија нарача околу 517 милиони дози вакцини од различни производители, што е повеќе од доволно за целата популација. Сепак, како што се  наведува во весникот, треба да се очекува дека практиката на тајни договори со Австралија ќе ја налути Европската комисија, која неодамна поднесе тужба против „АстраЗенека“ поради доцнење со испораката на вакцини и кршењето на договорот. Компанијата го демантираше тоа, тврдејќи дека во договорот стои дека компанијата „ќе се потруди“ да ги исполни барањата.

Адвокатите на ЕУ во средата побараа од АстраЗенека да започне со извоз на својата вакцина во ЕУ произведена во Велика Британија. АстраЗенека им рече дека не била обврзана да го стори тоа со договор.

Телеграф наведува дека првите детали од тајниот договор се појавиле уште во април, кога австралиските медиуми објавија дека добиле пратка од околу 300.000 дози вакцина од Велика Британија. Доставувањето дојде откако Европската комисија го ограничи извозот на произведени вакцини во ЕУ и и забрани на АстраЗенека да испраќа вакцини од Италија во Австралија.

АстраЗенека одби да даде коментар, додека портпаролот на британската влада рече дека производството на вакцини е еден од најважните меѓународни потфати и дека Велика Британија е горда што може да учествува во тоа.

„Деталите за каков било договор меѓу националните влади и АстраЗенека се деловна тајна“, објасни владиниот портпарол.


Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато