Протест и пред домот на Фросина Ременски
Објавено во: Македонија 18 Март, 2018
Луѓе вечерва се собраа на протест пред домот на пратеничката од СДСМ, Фросина Ташеска-Ременски, на протест против носењето на Законот за употреба на јазиците.
Откако е изгласан Законот за употреба на јазиците, се протестираше пред домовите на повеќе пратеници од СДСМ.
Три дена полицијата ги чува домовите на пратениците од СДСМ.
Протестите се организирани од ВМРО ДПМНЕ, а не од граѓаните, сметаат од ДУИ.