19 Април, 2024
0.0502

Протест со елементи на предизборна кампања во Битола

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

На протестите во Битола, демонстрантите извикуваат дека не го даваат името по потпишаниот договор во Преспа. Тие пеат патриотски песни а некои од нив носат транспаренти со крст што симулира дека ја погребуваат Северна Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на протестот во Битола и им порача на граѓаните дека на 28 годишнината од партијата за жал Македонија е зафатена од силен ураган.

„На овој ден сите бевте на тој историски состанок кога се формираше партијата, дел од целокупната македонска јавност беше со отворени очи и уши, на кој ќе се заснова нашата партија. На овој ден се основаа месните комитети на ВМРО- ДПМНЕ, независна држава и сопствена армија, валута и се што значи суверена држава. Почит за граѓаните кои тогаш помогнаа за осамостојување на државата. Македонци  ги положиле своите животи за идејата за слободна Република  Македонија.

Можеме да избереме како ќе живееме, свесен сум дека очите на јавноста се свртени кон нас, поради сите порази кои ги смисли оваа ненародна власт.  ВМРО-ДПМНЕ го водеше бајракот и се соочуваше со проблемите во тоа време, но ние верувавме во независна слободна РМ. Граѓаните ги положиле своите животи за идејата за слободна Македонија. Можеме да избереме како ќе живееме“, рече Мицкоски.

Според него ова што денеска се случи е срамна капитулација на државата.

„Доста е, не може веќе вака. Ова се сериозни историски времиња. Покрај беспарицата невработеноста лошите услови во здравството образованието се соочуваме со најголемото предавство што можеше да ни се случи.  Го потпишаа договорот за промена на нашето уставно име. Додека Заев се слика јужниве слават. Не престанувајте да го употребувате името Макеоднија
Македонија е основна причина за секој наш чекор и активност. Нашите претци ги положиле своите животи за независна мак
Тоа било борба за човечки правдини. Без разлика на етничката припадност и без разлика на етничката припадност
Македонија создава маченици и херои. ВМРО-ДМНЕ  е заеднички покрив под кој сите живееме“.

Мицкоски порача дека по ниту една цена нема да го поддржи ова срамно дело, и нема да поддржи промена на Устав а исто така смета дека ќе дојде време кога ќе се одговара за оваа капитулација што ја сервираа на земјата. 


Можеби ќе ве интересира

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо